НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензиите не се политичка, туку солидарна категорија

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изгледа излез за пензискиот фонд ни е негова потполна интеграција во државниот буџет со потребна даночна реформа и напуштање на принципот на генерациска солидарност. Нема солидарност од генерации кои нема да постојат. Сериозно разгледување на австралискиот и новозеландскиот модел на пензија за сите граѓани  кои исполнат одреден број години (таму е 67 години за мажи и 64 години за жени)  и заснованост на пензијата врз годишните приходи на примателот. Доколку примателот има повеќе од 26.000 долари годишен приход пензијата се одложува за годината кога ќе има приход под таа граница.

Војо Маневски

Ставот на Фискалниот совет како анализа на состојбата во Фондот за пензиско осигурување и предлог на мерки, веднаш наиде на политички или синдикални одговори. Предлогот наместо да се анализира како излезно решение се дочека како уште една тема за натпревар меѓу партиите и синдикалните организации. Како и да свртиш сите се во право, ама тоа не нуди решение. Како граѓани на оваа држава мораме да влеземе во посуштинска дебата околу одржливоста на досегашните форми на пензиска и социјална политика. ПИОМ е Фонд заснован на генерациска солидарност и неговата суштина е „сегашните генерации кои уплатуваат во него ги обезбедуваат пензиите за генерациите кои го исполниле условот за пензија“. Дефинициите кај нас се толку релативизирани од популистички политики што тешко дека и најдобриот социолог би можел да ги подведе под нејзините рамки.

Како илустрација би навел само еден пример на кој бев присутен. Во мојот Штип вчера беше словенска делегација од нивните здруженија на работодавачи и пред моите работоспособни граѓани ги презентираа условите за работа во Словенија. Судејќи според интересот, а и рекламите кои им ги прават локалните медиуми не се сомневам дека ќе имаат корист од мисијата. Како новинар поставувам прашање. На која спогодба со ЕУ се темелат ваквите колонијалистички активности? Имаме ли со Република Словенија ваков договор според кој нашите сограѓани ќе ги пополнат потребните работни места во словенската економија? Кои се правата на нашите граѓани таму, како нивни работници, ама наши граѓани? Доколку им се нарушат правата која држава треба да ги заштити? Мачен ми беше впечатокот морам да признам. Како во крајот на шеесеттите кога преку Заводот за вработување маса мои роднини и сограѓани одеа на „привремена работа“ во Германија. Се сеќава ли некој на песната „возот браќа тргнува право за Германија“? Тажна ми е помислата мој народе кога направам паралела. Се менува ли нешто во корист на овој народ или неговата печалбарска и иселеничка судбина му е константа? Сите тие што ќе отидат да работат во Словенија и сите оние што веќе работат во европските држави своите придонеси ги уплатуваат во нивните фондови. Кога ќе исполнат услови ќе имаат нивна пензија. Така е кога секој си го прави својот есап. Тие ќе имаат пензија од социјалната солидарност на државите во кои работеле и уплатувале во тие фондови. Овде сѐ помалку има работници кои ќе уплатуваат во нашиве фондови и Фондот нема да може да исплатува пензии токму на нивните родители кои очекуваат генерациска солидарност.

Да се вратам на анализата и предлогот на Фискалниот совет. Народите опстануваат и се развиваат само кога имаат јаки и одговорни институции. Формирани на демократски начин и со закон утврдена одговорност. Која е таа карактеристика на сите граѓани на РСМ кога сѐ што може да ни понуди излез или ни ја подотвори вратата кон подобро утре ја претвараме во  пародија. Членовите на Советот врз основа на податоци кои ги имаат и економската логика која им нуди решенија предложиле зголемување на работниот век на 67 години. Тоа што го имаат како податоци им вели дека Фондот на оваа основа не може да ја врши својата функција уште долго. Нашето разбирање дека сѐ зависи од личностите кои во дадениот момент ја исполуваат содржината на институциите нѐ доведе до ова дереџе. Ни најсовесната и највредната личност не може да ги замени институциите, кои демократски се формирани и имаат одговорност кон граѓаните. Личностите се ограничени со мандат и со животен век, а институциите треба да се оформени за напредок на заедницата. Некогаш не се според интересот на заедницата, која секогаш е конзервативна и не е подготвена на промени. Затоа демократските институции треба да се пополнети со одговорни граѓани, а не со партиски послушници. Тие треба да се носители на одговорноста за опстанокот и развојот на заедницата како и да биде крстена (село, град, држава, сојуз на држави).

Немам намера да го бранам Економско-социјалниот совет, туку да се придружам на дебатата која мора да е суштинска и заснована на економска одржливост, а не на дневните политички интереси. Нашиот пензиски фонд е неодржлив без дотациите од буџетот. Таа констатација е стара колку и независна Македонија. Имаше периоди кога тој процент беше околу 25%, ама имаше периоди кога се доближуваше и до ПОЛОВИНА од потребните средства за исплата на пензиите.

Сега слушаме дека треба да се поострат мерките кон сивата економија и непријавување на вработените како и исплатата на рака или како минимална плата. Ако има нешто што е за пофалба на Владата од 2008 година е воведувањето на бруто плата како услов за исплата на платите на вработените. И со таков закон се најдоа разни марифетлуци да се избегнува обврската од законот. Работниците притиснати од и онака малите плати, а се деценија или повеќе од денот на пензионирање прифаќаа сѐ за да опстанат. Сега кога одат во пензија она што им е уплатувано е на работ од минималната пензија. Работодавачите велат дека се приморани на такви книговотствени операции зошто структурата на економијата и нејзината ниска доходовност не им овозможува да исплаќаат повисоки плати. Тие одговорноста ја препраќаат на адреса на админстрацијата и нејзината неефикасност заедно со големите трошоци за нејзино сервисирање.

Владите мора да се грижат за својата популарност и често носат неекономски мерки и наместо да ја одржуваат макроекономската стабилност со даночната политика, одредуваат минимални плати и покачуваат пензии. Смешни се изјавите на партиските претставници кога гордо изјавуваат дека ги покачиле платите и пензиите. Ако е изворот задолжување на домашен или надворешен план тогаш тие ама ништо не покачиле, туку само нѐ задолжиле уште повеќе. Веројатно генерациската солидарност ја разбираат како превземање на обврски за идните генерации за кои не знаеме ни што ќе работат или што е пострашно каде ќе работат и кои фондови ќе ги полнат.

Ако се намали администрацијата ќе има социјални, а кај нас и протести со националистичи рефрени како неправда кон одреден национ. Ако се зголеми данокот ќе има зголемувања на сивата економија зошто ваквиот државен апарат не е способен да ја изврши таа задача. Партизацијата е евидентна препрека во ефикасноста на државните институции.

Да не ги редам препреките или непринципиелностите кои ќе го затрупат било кој рационален предлог за реформи во пензискиот систем. Еднаш напишав дека не се изведливи парцијалните реформи, туку е потребна суштинска реформа на економски, социјален и посебно политички план.

Но, дебатата како демократски израз на интересите на разните слоеви на граѓанството ни е нужна. Изгледа излез за пензискиот фонд ни е негова потполна интеграција во државниот буџет со потребна даночна реформа и напуштање на принципот на генерациска солидарност. Нема солидарност од генерации кои нема да постојат. Сериозно разгледување на австралискиот и новозеландскиот модел на пензија за сите граѓани  кои исполнат одреден број години (таму е 67 години за мажи и 64 години за жени)  и заснованост на пензијата врз годишните приходи на примателот. Доколку примателот има повеќе од 26.000 долари годишен приход пензијата се одложува за годината кога ќе има приход под таа граница. Сите други форми на заштеда на граѓаните за старост е врзана за разни осигурителни и инвестициски фондови.

Знам дека веднаш ќе бидам нападнат за неправда кон оние што досега ја исполнувале својата генерациска солидарност и уплаќале повеќе од таквата пензија, ама сите сме свесни дека реформите се нужни. Ако сега не ги започнеме реформите може да дојдеме во состојба пензиите секако да бидат социјална помош која државата ќе ја одредува и ќе ја плаќа од буџетот. Само тогаш со право политичарите ќе велат „ви ги покачивме пензиите и од нас зависи нивниот износ“. А можеби така и сака мојов народец. Кога веќе имаме господар тој и нека се грижи за сѐ, па и за пензиите. Македонијо, се претвораш во земја на пензионери и државна администрација.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

војо маневски пензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.