Вработените во постројката за радиоактивен отпад во нуклеарната централа „Чернобил“, која е под контрола на Русија, веќе четири дена не се ротирани.
„Украина не може да соопшти кога ќе биде направена смена, поради борбите во градот во кој живеат повеќето од вработените“, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Украина денеска ја информираше МААЕ дека немало ротација на техничкиот персонал во Чернобил од 21 март и дека не знае кога би можела да биде следната смена, се вели во соопштението на МААЕ.