Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет ДА наспроти едно НЕ

0
By НОВА ТВ on May 14, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Славјанка Петровска

Во време кога билатералниот спор со Бугарија повторно се актуелизира, особено после неможноста да се формира политичка влада во Република Бугарија, јавноста во нашата држава со право го крева својот глас. Република Северна Македонија мора да почне пристапни преговори со Европската унија, сега и веднаш. Овој глас на граѓаните е пренесен и во Брисел и пораката е примена.

Билатералните средби на Претседателот на државата и Претседателот на Владата го пренесоа гласот на народот дека почетокот на преговорите е нужност и тој мора да се случи во скоро време. Зошто?

Прво, затоа што ги исполнивме условите за почеток на преговорите. И ова не е само уште една политичка флоскула кажана од пратеник на парламентарното мнозинство или ова не е субјективно гледиште на некој што е вклучен во процесот. Напротив, ова е факт кој е потврден од највисоките политички претставници на Европската унија, што беше официјално соопштено од нивна страна.

Второ, процесот на европска интеграција на нашата држава не смее да запре и да биде условен од дневната политика во Бугарија. Македонија е многу повеќе од тема за дневна политика во земја членка на ЕУ. Ние сме стратешки интерес на Унијата и сме гаранција за мирот и стабилноста во регионот. Од земја во која имаше воен конфликт, насилство во Собранието, денес сме стабилна земја членка на НАТО. Тоа гарантира дека и Бугарија има сосед од кој не треба да стравува. Европската унија ова и го должи на нашата земја, затоа што Република Северна Македонија со години се гради како и надополнува како успешна приказна на Балканот и таа приказна не смее да заврши.

Трето, почетокот на преговорите и отварањето на кластерите ќе значи позитивен притисок врз Владата и тимовите кои ќе ги водат преговорите за исполнување на поставените задачи и хармонизирање на процесите во државата. Земјите кои ги почнуваат преговорите секогаш покажуваат поголеми резултати во придвижувањето кон политиките на Унијата, но и во приближување на животниот стандард на своите граѓани кон оној на граѓаните на земјите членки. Ова ќе значи ЕУ дома, наместо нашите граѓани по секоја цена да заминуваат во ЕУ.

Четврто, отварањето на поглавја кои покриваат различни сфери во општеството ќе создадат и клима за аргументирана дебата наспроти брутално опаѓачкиот речник во комуникацијата на политичката сцена. Преговарајќи за конкретни области, дискусиите ќе мора да се темелат на соочување факти, но пред се и објективно согледување на определена состојба. На овој начин ќе го избегнеме субјективизмот во настапите и на власта и на опозицијата и ќе се соочиме со реалната состојба за чие унапредување ќе носиме суштински одлуки.

Петто, преговорите значително ќе го обесхрабрат влијанието на трети земји кои изминатиот период преку своите активности, пред се економски, а помалку политички успеаја да пенетрираат во земјите од Балканот, вклучително и Македонија. Ова е клучниот момент во кој Унијата треба да покаже свесност за својот стратешки интерес. Во оваа насока логично се поставува и прашањето: кој и зошто има интерес од оддалечување на Северна Македонија од ЕУ? И секако, кои се субјектите во нашето општество, но и во Унијата кои ова го поддржуваат и се на линија на третите земји? Иако нивната поддршка не е јавна, сепак низ темелна анализа на определени политички ставови и одлуки, може да се продре до непринциелната позадина на пречките кои одненадеш се појавија на патотот на нашето пристапување.

И всушност сите овие аргументи за почеток на преговорите го даваат силното не за нивно одлагање. Како одговорна власт мораме да ги продолжиме преговорите за надминување на билатералниот спор со Бугарија, но никако по цена на нашиот идентитет и јазик. Решение мора да има, но до него ќе стигнеме со разум. Очекувано е дека најголемата одговорност е кај власт и од тоа нема бегање. Но, и опозицијата не смее да биде заборавена. Промената во нејзиното дејствување за ова прашање, кое сега не е воопшто примерно, ќе биде од корист за полесно постигнување на решение. За нашата држава би било покорисно доколку опозицијата ги штити интересите на Република Северна Македонија, наместо да го охрабрува однесувањето на Република Бугарија. Ова би било чекор напред кон национално единство, се разбира доколку навистина го посакуваат.

 

(Славјанка Петровска е пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.