Архитектот Петар Муличковски кој е автор на идејното решение на Владата во интервју за НОВА зборува за проектот Скопје 2014, но и за навредите кон него како автор кои доаѓаат од новото идејно решение со кое владината зграда ќе стане барокна.
-Мене ми беше понудено да земам учество како консултант околу новите идејни решенија за фасадата на Владата. Јас имам авторски права и не се согласувам со тоа, да се менува сега фасадата во некаков барокен стил. Таа фасада своевремено од врвни експерти беше оценета како ремек – дело. Тогаш јас на конкурсот добив прва награда и тоа тогаш беше прва награда со право на изведба на авторот.
-Нон сенс е ова што се прави, да се гради нешто од пред 300 години. Современотот творештво во архитектурата и урабнизмот оди напред. Компонентата треба да биде врвна техологија на изведба и уметност, а не идеологија. Невозможно е ова што се прави овде, вели Муличковски.