Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков во интервју за БНР: Македонските власти треба да одлучат за иднината, ние не може да носиме одговорност за сите

0
By Sashko on June 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По одобрувањето на „францускиот предлог од Собранието на Бугарија во петокот за деблокада на европскиот пат на Македонија, бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков порача дека „Скопје сега има избор за својата иднина“.

Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека на властите во земјава им останува да решат за својата иднина.

„Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите“, изјави Петков, додавајќи дека со прифаќањето на „францускиот предлог“, Софија успеала да ги заштити своите национални интереси.

Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да го почне преговарачкиот процес со ЕУ.

„Имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија“, тврди Петков.

Вицепремиерот Маричиќ и шефот на дипломатијата Османи во петокот порачаа дека Северна Македонија ќе го прифати предлогот на француското претседателство за старт на преговорите со ЕУ доколку во преговарачката рамка не биде проблематизирано прашањето за македонскиот јазик и не бидат вклучени историските прашања и доколку почетокот на преговарачкиот процес не биде врзуван со внесување на Бугарите во Уставот.

Она што во јавноста излезе како „француски предлог“, всушност е работната верзија на преговарачката рамка и други заклучоци што се доставени до земји членки во кои има „загради и прашања“, бидејќи во тие делови станува збор за прашања за коишто Северна Македонија и Бугарија не успеале да изградат усогласен став.

Османи истакна дека негов личен став е оти „францускиот предлог“ би станал прифатлив, доколку од предложената преговарачка рамка се исклучи засега неусогласениот протокол од втората македонско-бугарската Меѓувладина конференција, која сè уште не е одржана и доколку се промени планот за динамиката за промена на Уставот, односно стартот на преговорите да не се условува со вклучување на Бугарите во Преамбулата.

Софија инсистира прво Бугарите да влезат во Уставот, па дури потоа да се свика втората меѓувладина конференција со која официјално би почнале преговорите на земјава со ЕУ. Македонскиот став пак е процесот за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, како една од заедниците во земјава, да се случи до завршување на преговарачкиот процес, а преговорите официјално да почнат со првата меѓувладина конференција, со образложение дека одлуката за старт на преговорите е донесена уште на 20 март 2020 година, а сега само треба да се формализира нивниот почеток.

Што се однесува до протоколот, во преговорите меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија е утврдена нацрт верзија на тој документ, но засега не е целосно усогласен, бидејќи сè уште има отворени прашања. Кога документот ќе биде усогласен треба да го потпишат шефовите на дипломатиите на двете земји и потоа да го одобрат и двете влади. Протоколот треба да содржи одредби за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, што вклучува и одлуки усогласени меѓу членовите за заедничката Комисија за историски и образовни прашања, односно утврдување на динамика на спроведување на веќе договорени решенија за имплементација од страна на Комисијата.

Дури и да биде усогласен со Бугарија, за земјава е неприфатливо тој протокол за имплементација да стане дел од преговарачката рамка, бидејќи со тоа во процесот на преговори со ЕУ би биле вклучени и историските прашања.

Министерството за надворешни работи на Бугарија, во саботата соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот, согласно член 12 од Договорот за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија.

Во соопштението на бугарското МНР се вели дека „е време одговорните фактори во Република Северна Македонија не само со зборови, туку и со дела, да ја покажат својата посветеност и желба за сопствената и европската иднина на регионот“.

„Брзината со која Република Северна Македонија ќе пристапи кон членство во Европската унија зависи од неа и нема да се одложи доколку земјата ги исполни преземените обврски во однос на европските вредности и добрососедските односи“, оцени бугарското Министерство за надворешни работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.