Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за BBC изјави дека на страна од историските, има и други проблеми со С.Македонија, а тоа е што Бугарите,како што вели тој, немале право на легална заштита во С. Македонија.
„Ја променивме агендата кон заедничките нешта наспроти проблемите. Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои зборуваат. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во С. Македонија се уште немаат права за легална заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на С.Македонија целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји да се согласи“, рекол Петков.
На прашањето на новинарот дали Петков сака да ја види С. Македонија во Европската унија, тој одговорил – „апсолутно, без сомневање“.