Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков за Блумберг: Со нов пристап за излез од ќорсокакот

0
By Ivana on January 5, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот бугарски премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг ветува дека ќе го прекине дипломатскиот ќорсокак околу пристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија што ги запира амбициите на земјава за ЕУ.

Бугарија, наведува американскиот финансиски медиум, ги блокираше разговорите на Северна Македонија за приклучување кон 27-члениот блок поради историски и јазични тврдења, истовремено тврдејќи дека се кршат правата на бугарските државјани во земјата. Петков, 41-годишниот алумни на бизнис школата на Харвард, избран минатата година да се бори против корупцијата, вели дека сака да ја префрли дебатата од историските спорови за да се фокусира на инфраструктурата и економскиот развој.

-Треба да ги ставиме сите дискусии на сите вин-вин ситуации меѓу двете земји. Ако двете страни почнат да зборуваат за добрите страни, подготвеноста да се постигне договор за важни прашања ќе биде полесна, рече Петков.

Северна Македонија, Република од 2 милиони жители без излез на море, наведува Блумберг, се соочи со регионален отпор на нејзиниот пат кон западната интеграција. За да се приклучи на НАТО во 2020 година, земјата мораше да го смени името за да го реши спорот со Грција, која ја обвини за територијални претензии врз сопствениот регион Македонија. Сега, се наведува понатаму, таа се соочува со притисок од Бугарија, каде што ова прашање доби поддршка од јавноста. Повеќе од 70 отсто од Бугарите велат дека Северна Македонија мора да ги реши своите спорови пред да напредува во ЕУ.

Со оглед на тоа што коалициските партнери на Петков, исто така, изразуваат неподготвеност да понудат отстапки, Блумберг оценува дека неговата задача ќе биде тешка. Билатералната комисија од историчари дебатира со години, без напредок на повидок.

Петков вели дека работните групи ќе имаат почести средби за да постигнат напредок по ова прашање во текот на следните шест месеци, обезбедувајќи основа за Бугарија повторно да ја разгледа својата позиција. За да ја олесни промената, тој наведува дека ќе се заложи за паневропски механизам кој ќе штити од дискриминаторски третман на етничките групи.

-Имам силна волја и верувам дека интересот на двете земји е да продолжи патот на Северна Македонија кон ЕУ… Значи, колку побрзо напредуваме со овие чекори, толку побрзо можеме да дојдеме со поконкретни рокови,  смета бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.