Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петличковски: Не планираме заострување на мерките, иако бројот на случаи на ковид-19 е во пораст

0
By Sashko on July 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овој момент немаме никаков значителен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, порача претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), доктор Александар Петличковски во попладневното гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на ковид-19 не е тешка и оттука нискиот број на сериозни случаи и бројот на смртни случаи. Тоа нѝ дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во наредните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како сличните сезонски болести, ендемски, и да се обидеме животот да го вратиме во нормала.

Запрашан дали се набавени најновите лекови против ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро.

„Во моментот сè уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“, на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но сè уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства“, рече доктор Петличковски.

Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат.

Во врска со тоа дали на КЗБ се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со ковид-19 со хемофилтрација, метод кој се применувал во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.

„Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група, во овој случај пациентите, треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на пациентот, се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја, како концепт, подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од  „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски.

Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажа на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

– Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок, главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран“, рече Петличковски.

Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина.

„Во сите други термини ќе остане со неговите пациенти. За време на неговата смена е предвидено да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени, освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите“, додаде доктор Петличковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.