Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска на прес конференција го презентираше проектот за преработка на отпад и добивање на органско ѓубриво.
„Изведба на компостара за био-отпад кој што био-отпад ќе се собира од јавните површини. Отпад од кроење, гранки, лисија итн. И отпад од храна. Тој отпад во оптимален состав ќе се преработува со цел да се добие органски ѓубриво“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од Зелен хуман град, Ана Петровска.
Таа кон медиумите и граѓаните се обрати од кај железничкиот мост во Лисиче, односно на местото каде што Усјанскиот канал се влева во Вардар, при што нагласи дека амбиентот е надополнет со отпад и миризба.