Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пиљарската политика“ одбери што сакаш и ценкај се за цената – е завршена

0
By Zoran Ivanov on October 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Како и да е – со пораките од посетата – и Фон дер Лејен и ЕК во овој процес недвосмислено се кооперативната страна и од денес приказните „ЕУ не не сака“ не минуваат ни по партиски штабови ни по кафеански муабети.

 Ивон Величковски

И по посетата на Фон Дер Лејен: Уставните промени остануваат основна обврска преземена од државата. А со отворањето на преговорите – се отвора (не)владеењето на правото.

Толкувањето на дипломатскиот речник на претседателот на ЕК гласи:

– Обврските на државата не зависат од реториката на партијата (на власт) пред или по изборите.

– Отворањето на поглавјето Темелни вредности е вистинскиот почеток на усогласувањето на (институциите на) Северна Македонија со функционирањето на членките на ЕУ.

Затоа претседателот на ЕК забележливо го игнорираше обидот за внесување емоција во прашањето на државната обврска на Северна Македонија за уставни промени, било тоа да доаѓаше од нејзиниот домаќин или од новинарите.

Рефлектирајќи на нејзината претходна посета (која се одвиваше во протестна атмосфера организирана од ВМРО-ДПМНЕ), со целната непосредност кон домаќинот таа укажа дека и тогаш и сега доаѓа во еднаква поддршка на европските интеграции на земјата (и регионот).

Неподготвеноста на Мицкоски да ја валоризира денешната посета на Фон Дер Лејен за јасно преземање обврска Владата да го иницира процесот на уставното дополнување е негова лична и партиска одлука.

Истото се однесува и на Силјановска-Давкова која (како и Пендаровски пред неа) нема политичка волја и капацитет да ги отпочне процесите како овластен предлагач на уставните дополнувања.

Како и да е – со пораките од посетата – и Фон дер Лејен и ЕК во овој процес недвосмислено се кооперативната страна и од денес приказните „ЕУ не не сака“ не минуваат ни по партиски штабови ни по кафеански муабети.

Спроведувајќи ја одобрената „реформска агенда“ врз основа на која Северна Македонија пристапува до Планот за раст, Владата на Мицкоски ги прифати проектите на претходната Влада на Ковачевски. Тоа значи дека Владата на Мицкоски признава континуитет во патот кон ЕУ сосе пакетот на средства и обврски. Значи „пиљарската политика“ – одбери што сакаш и ценкај се за цената – е завршена.

И тоа јавно мора да го признае како владина политика. Доколку не, кажува дека нема намера да ги спроведе обврските и дека ја кочи својата држава и нација во евроинтеграциите. Соопштено на хартија и во медиум или не – сеедно.

И за да ја оддуваме политичката магла, како Движење за нова република и како поединци сме на јасно дека отворањето на Преговорите за полноправно членство во ЕУ за Скопје не е прашање на „политичка волја“ или „идентитетско“ прашање.

ВМРО-ДПМНЕвеќе призна дека нема идентитетско прашање и „диктат“ прифаќајќи ја Преговарачката рамка која е втемелена на „францускиот предлог“.

Да го кажеме запоставеното: Што подолго не ги почнуваме преговорите како држава – толку подолго власта не одговара за отсуството на владеење на правото во Северна Македонија, а токму тоа е поглавјето што по автоматизам се отвора со преговорите – Темелни вредности.

Мицкоски, Димитриевски, Меџити, Силјановска-Давкова… знаат дека со отворањето на тоа поглавје Владата и претседателот одговараат (и) пред Брисел за сето она што го спречува успешното владеење на правото – корупцијата, состојбата во судството, прекршувањето на процедурите во институциите, партиски спонзорираната неказнивост.

За илустрација: Во политички динамизирана и институционално ресетирана земја низ преговорите, Силјановска-Давкова денес ќе беше предмет на импичмент поради нејзините помилувања со кои дисфункционалната држава кохабитира со организираниот криминал и партиската неказнивост.

Исти ќе беа последиците од партискиот упад на ВМРО-ДПМНЕ во Агенциите за разузнавање и за национална безбедност со кои во една седмица беше поништен „Прибе“ и функционализацијата на два од трите столба на безбедносните служби на евро-атланска Северна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ (сосе ЗНАМ) ќе продолжи да го држи пристапниот процес на РСМ во лер се додека Вучиќ не реши да влијание врз Мицкоски во замена за остварување дополнителна придобивка за неговата политика и националните интереси на Србија.

ВЛЕН ќе остане дел од ваквиот процес на Владата барем до исходот од февруарските избори во Косово, со изговор дека ги прифаќа аргументите на коалицијата за „чекање политичка Влада во Софија“.

Се до тогаш – без иницирање уставни промени од било кој овластен преговарач – Скопје останува само во функција на дијалогот Белград-Приштина.

Бидејќи опозицијата се води од националните интереси на Северна Македонија, таквиот пристап ќе го потврди со две собраниски иницијативи:

– За донесување на дополнувања на Законот за примена на рестриктивните мерки и

– За донесување адмандман на Уставот согласно Преговарачката рамка.

И јасно (повторно) ќе застане зад интегративниот процес, овозможувајќи соочување на нацијата (и македонскиот народ во неа) со клучната дилема:

– кој е за преговори со ЕУ, вклучително за функционализација на владеењето на правото во државата Северна Македонија како национален интерес, а

– кој е за коалиција со криминалот и корупцијата на територијата меѓу Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Грција?

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

ВЕСТИ October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да…

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.