Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо до лидерите на Г20 за идните здравствени катастрофи

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесетте најбогати земји во светот мора да ги надминат разликите за итно да воспостават нови глобални механизми за справување со идни здравствени катастрофи, им порачаа група високи политичари и функционери на лидерите на Г20.

Лидерите ќе се сретнат во Рим овој викенд и треба да разговараат за начините за подготовка за следната пандемија откако кризата со Ковид-19 откри очигледни недостатоци во меѓународната соработка.

Сепак, дипломатите велат дека сè уште има големи поделби околу тоа како најдобро да се спречи и запре ширењето на потенцијално катастрофалните заразни болести во иднина.

Група истакнати личности кои ја советуваат Г20 или имаат високи улоги во Светската здравствена организација (СЗО), им порачаа на лидерите во писмото да не ја избегнуваат својата одговорност.

– Следната пандемија може да дојде во секој момент, а ние не сме подготвени. Може дури и да „погоди“ додека светот сè уште се бори со Ковид-19, се наведува во документот, во кој увид имале некои светски агенции.

Писмото е потпишано од генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, поранешниот министер за финансии на САД, Лери Самерс и сингапурскиот министер Тарман Шанмугаратнам – копретседател на панелот Г20 кој ја разгледува подготвеноста за пандемија.

Писмото го потпишаа и поранешниот британски премиер Гордон Браун и поранешниот италијански премиер Марио Монти, и двајцата имаат улоги во СЗО.

Петте потписници наведуваат дека Г20 треба да создаде постојан комитет кој ќе ги собере министрите за здравство и финансии со задача да ги најде потребните средства за подготовка и, како што се надеваат, избегнување идни пандемии. Тие посочија дека се потребни пари за зајакнување на надзорот на ризиците од болести и создавање мрежа за забрзување на дистрибуцијата на вакцини и резерви за да се избегнат огромните нееднаквости во пристапот што ги откри Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.