Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо до министерот Спасов: Македонија не е автошкола па ти да се учиш на неа

0
By Нова ТВ on August 21, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долгогодишна членка на ВМРО – ДПМНЕ и вработена во центрите за социјална работа, испрати текст до НОВА во кое го образложува своето мислење за начинот на работа на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, нарекувајќи го „Црни Диме“. НОВА во целост ви го пренесува писмото.

„Почитувани, јас сум член на ВМРО – ДПМНЕ од 1995 година и сум вработена во еден од центрите за социјална работа од осамостојувањето на Македонија до денес. Доколку навистина владееше демократијата во нашата држава, како и во останатите држави, каде секој има право да го каже своето мислење без да биде санкциониран немаше да се кријам, туку со име и со презиме ќе се претставев која сум.

Искрено се надевам дека ќе ме разберете што не се претставив и се надевам дека тоа нема да биде пречка да го објавите мојот револт и реакција, за што однапред ви се заблагодарувам.
Откако на брз и чуден начин, со исклучување на широката јавност, тимот на министерот Спасов изработи фаличен Закон за социјална заштита, кој е полн со дискиминаторски одредби, вчера истиот министер побрза, да објави нов проект фатаморгана, наречен „посети“.

Уште не дал одговори за новиот Закон и за неговата применливост, тој побрза со нов проект.

Откако со донесените измени на Законот за социјална заштита кои беа донесени пред околу три недели ќе им ги укине социјалните права на преку 20 илјади корисници на нега и помош од друго лице, денес се пофали со нов проект – таканаречен „посета“, со кој им објаснува на жителите од руралните средини за социјалните права.

Ова е небулоза од прв степен, прво им укинува права па после со посета ќе ги теши? Ќе им дели утеха?!

Македонскиот народ е заморен од проекти на хартија, на македонскиот народ му требаат конкретни дела, му требаат работа и пари за да преживее!!!

Немаше никаква потреба за измени и дополнување на Законот за социјална заштита, она што беше потребно е да се подобрат услови за работа по центрите за социјални работи и во МТСП. Со донесениот Закон, министерот Спасов внесе конфузија, нервоза, револт… дури и тие што го пишувале Законот не знаат да ни го објаснат и да ни кажат како да постапуваме, верувајте странките доаѓаат револтирани и ние ги враќаме, пошто немаме никакви инстуркции и насоки како да постапиме од МТСП, а сега не тераат да одиме по селата и да објаснуваме, но се прашувам што ќе објаснуваме? Да објаснуваме ќе ви ги укинеме правата, ама ќе ве посетиме да не ви се слоши од веста?!

Црни Диме или како што јас ве гледам, ми личите на киндер – министер, набрзина донесе нов закон со кој оштети многу наши жители на руралните средини, па сега ќе ги посетуваме, аман те молам остави ги на мира веќе луѓето, тоа е лицемерие од невидени размери.

На народот не му се потребни посети, потребни му се подобри услови за живот, потребен му е асфалт до секоја куќа да може брза помош да стигне на време, а не после два часа, потребни се амбуланти и аптеки во близина, потребни се објекти со намирници, а тапкање по рамо верувајте не им е потребно!!!

Киндер министер, проектот кој што ти го нарече посети во руралните средини ти е фикција и фотоморгана? со кои коли ќе ги вршиме тие посети,кога возниот парк во центрите за социјални работи е руина од возила стари над 20 години? Како ќе правиш посети кога центрите кубурат со средства за гориво?Откако дојде ти, во центрите се чувствува недостиг за тонер и тоалетна хартија, а средства за гориво и поправка на возила тоа е веќе мисловна именка!

Црни Диме,Зошто не признаеш дека не си дораснат да бидеш министер и дека е време да се повлечеш, така ќе биде најдобро за тебе и за граѓаните и за Македонија, а со тоа ќе ја спасиш и матичната партија од уште многу глупости кои може да ти паднат на памет како киндер министер кој сака само да се слика пред новинарите и за да се покаже пред Груевски дека нешто работи, свесен ли си дека и нанесуваш огроман штета на партијата од која што доаѓаш и тоа може да придонесе многу бргу од владејачка, да стане опозициона партија… Ако тоаго одобрува твојот лидер, тогаш „Среќно“!!!

Македонија не е автошкола па ти да се учиш на неа да возиш… Македонија е премногу скапа работа да за некој се учи да биде министер!!!

Црни Диме, уште денес потенцирам дека најмногу ќе и помогнеш на Македонија и на македонските граѓани ако си поднесеш оставка и си заминеш… тоа ќе биде најдобро за тебе!!!

Со почит!!
Загрижена вмровка – социјален работник

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.