Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на актерот Мијаку до Министерство за култура, ССМ, СОНК и Албански театар

0
By Нова ТВ on December 19, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерот Бајруш Мијаку со отворено писмо се обраќа до Министерството за култура, ССМ, СОНК и колегите од албанскиот театар. Писмото ви го пренесуваме интегрално:

„Сакан другар, јас во главно не пишувам честитки, ни за Божиќ ни за Бајрам, ни за роденден, ни за некој друг празник. … Не пишувам, зашто желбите кои тие денови цел свет ги посакува, не знам дали се остваруваат еден процент зашто речиси сите произлегуваат од хипокризија. Но овој пат треба да влезам во редот на коректните луѓе и да им ја честитам на моите другари Новата 1937 година… Првин, сакан другар, ти посакувам слатки сништа, за да не го слушаш лелекот на луѓето под товарот на нивните крстови одејќи во Голгота. Да не го чуеш ни очајот на поразените, ни вресокот на немоќните во овој живот … Слатки сништа, сакан другар!“ – Милош Ѓерѓ Никола – Миѓени

Ниту јас немам навика да праќам честитки за вакви прилики, но овој пат би сакал да им ја честитам Новата Година на моите пријатели. Првин би сакал да им честитам на синдикатот и управата на НУ Албански Театар – Скопје од 2006 година како и сите кои придонесоа за непотпишување на колективниот договор, посакувајќи им сладок сон. Истото им го посакувам и на наследниците во овие функции од 2008 година, кои не ја видоа потребата да се борат за да го решат овој проблем, кој пред сè треба да биде нивен проблем.

На моите почитувани колеги, уметниците од албански театар им посакувам да го продолжат животот среќни и насмеани иако живеат дискриминирани токму поради небрежноста на управата и синдикатот на театарот, како и поради небрежноста на Министерството за култура, каде на 17.12.2010 се обратив со барање за нивелизација на платите на вработените во театрите во државава. Нека продолжат да се смеат и поради одговорот кој го добив од страна на Министерството за култура на 22.10.2010 каде се велеше: „Укажуваме дека, согласно мислењето од Министерството за финансии бр. 07-7542/2 од 19.03.2010 година, во 2010 година не се одобрува унапредување на вработените бо областа на културата. Согласно антикризните мерки на Владата на Република Македонија кои продолжуваат да се спроведуваат и во 2010 година, нема вертикално унапредување на вработените (Заклучок од 66-тата седница на Владата на РМ, одржана на 05.05.2010 г.). Според укажувањата од страна на Министерството за финансии и понатаму ќе мора да се спроведуваат антикризните мерки на Владата на Република Македонија.“ Потоа почнав и јас да се смеам и прашав: „Дали овие антикризни мерки важат само за вработените во албански театар? Имено, јас не сум побарал унапредување, туку го барав тоа што законски ми следува – нивелизација на платите во ниво на останатите театарски институции во земјава, или барем во градот.“

Истотака посакувам да биде секогаш насмеан народниот правобранител кој во декември 2010 година беше писмено известен, при што ја констатираше дискриминацијата која ми беше нанесена мене и на мнозина албански уметници, но сепак, јас се обратив кај народниот правобранител, мислејќи дека тој ќе може да го реши случајот, зашто колку за констатирање на дискриминацијата, ова го имав од амна сам сторено.

Им посакувам слатко да се смеат и на претседателот на ССМ како и претседателот, и почесниот претседател на СОНК, на кои писмено им се обратив на 27.07.2012 за истиот случај, но до денес не сум добил никаков одговор, што ми наложува да мислам дека не ми одговараат зашто се смеат со тоа што им укажав дека синдикатот треба да ги брани интересите на работниците, а не на дискриминаторските институции.

На 21.03.2013 со голем осмех до Министерството за финансии беше доставена петиција со потпишани 26 актери од албански театар, при што побаравме да се зголеми бруто масата на плати за да се елиминира дисбалансот на платите помеѓу театрите.

Ова министерство остана глуво и изгледа не се насмеале, па затоа им посакувам да се смеат.
За истата работа сум го известил и зм. на Претседателот на Владата за спроведување на Рамковниот договор кој не сакаше да поверува во оваа горка реалност, но и од овде не произлезе ништо, освен подготвеноста за смеење.

Вака сите насмеани еден ден ќе излеземе низ улиците и светот ќе ни завидува и ќе велат: ах, колку се среќни. А кога ќе дојдат да ја видат причината за нашата среќа, ќе се сетат на нив и ќе почнат да се кикотат кикикикакака. „… Болеста на смеењето ќе се прошири и сите ќе скокаат од радост… И вака посакувам годината 1937 да ја поминеме среќни, иако патологиски болни.“ Милош Ѓерѓ Никола – Миѓени“, пишува актерот Мијаку во писмото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.