Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писонеро: Мислам дека пораката е многу јасна – Северна Македонија мора да го искористи моментумот за проширување

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските, рече Писонеро.

-Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК околу изјавата на Мицкоски дека нема да прифати промена на Уставот, како и околу не користењето на уставното име од страна на Владата.

Писонеро додаде и дека ЕУ веќе кажала оти жали поради не користењето на уставното име на земјата од страна на некои македонски лидери.

-Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.