Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба утрово ги повика членките на Европската Унија (ЕУ) да го одбијат барањето на Владимир Путин за плаќање на руските енергенси во рубљи.
„Ако било која земја се согласи на понижувачкото барање на Путин за плаќање на рускиот гас и нафта со рубљи, тоа ќе биде како со една рака да ѝ помагате на Украина, а со другата на Русија да убива Украинци. Ги повикувам релевантните држави да донесат мудар и одговорен избор“, напиша Кулеба на Твитер.
„Она што го видовме на почетокот на војната беше наметнување на Европската Унија како моќен играч кој може да донесе промени. Она што го гледам во последните 10 дена е дека Европската Унија се враќа во својата нормална состојба во која не може да се одлучи за брза и силна акција“, рече Кулеба во интервју за „Економист“.