Членовите на Студентскиот пленум на својата фејсбук-страница објавија десетина креативни постери во пресрет на петочниот протест пред Владата против воведувањето на државниот испит на факултетите.
„Бидејќи вакви драматични „реформи“ може да се најдат само како дел од филм, решивме неколку од култните филмски сцени да ги адаптираме на нашата моментална ситуација“, велат од Студентскиот пленум.