Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плоштадот

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој плоштад сега да го паметам? Оној на којшто ми се лизна љубовта помеѓу чекорите од жал вбризгани во европскиот камен, или овој што ми дарува куп вештачки цвеќиња чија површност сјае, а однатре чмае ѓубре?

Тина Иванова

Плоштадот е грд.

Нашиот плоштад е грд.

Плоштадот на Скопје е грд.

Овие зборови ме ежат како ненадејно испукани топовски плотуни. Нивните аликвоти се како шамар за моите нежни уши, исто како кога ја слушам „Прелудиум и фуга“ на Лутославски.

„Грд е, сепак е грд“, рече келавиот писател од Шведска, залутан турист кој набрзина се шмугна во едно од кафулињата покрај Вардар, за да замижи пред неговата погрешна одлука за тоа кој град да го посети.

„Штета за загубеното време…“

„Дали е ова макета за сценографија за новиот филм на Спилберг? Хаххахахха…“, се кикотеше дебелиот руски пијанист, кој вечерта „растури“ изведувајќи го Концертот за пијано бр. 3 од Бетовен.

„Многу тестиси на животни, луѓе, многу храбар народ, народ со ‘муда’, браво, браво.“

Сарказмот на младиот Словенец ги зарази и останатите од толпата туристи, кои, движејќи се во насока на чадорот на водичот, возвишено рикаа заедно со лавовите.

„Гробишта, голема гробница“, му дошепна цимерот со кој беа сместени во иста соба во хотелот „Буши“.

„Молам!?“, викнав гласно.

Заминаа кон Старата чаршија по нова авантура.

Се чудам понекогаш како сум стара.

А, како вчера да беше, ако се сеќаваш, кога тој ден ја пеевме „Као да је било некад“ од ЕКВ. Им бевме симпатични на случајните минувачи.

Беше ведар, сончев, прекрасен ден. Младите, свежи лица ни ги галеа сончевите зраци кои продираа низ нашите усни шуплини додека се смеевме. Ти лежеше на тревникот точно во центарот на плоштадот, а јас собирав цвеќиња и направив венче за мојата коса.

Ја чувам коцката по која газевме и се љубевме. Ја украдов, признавам, додека го снемуваше нашето тло под нозете. Ми стои во кујната за да ми ја потпира балконската врата.

Тој ден сонцето набрзина го снема, исто онака како кога снема струја додека го гледавме „Разум и чувства“ во „Милениум“. Ми рече, така ладно, дека си се вљубил во друга.

Плачев како да умрел некој мој близок. И на сцената кога Џон Вилоуби ја напушта Мариен. На таа сцена, всушност, уште ме боли душава.

Добив температура, а мајка ми мислеше дека имам вирус. Го имав, најстрашниот. Вирусот на напуштена љубов.

Гранките од венчето пожолтеа, а цветовите се исушија помеѓу кориците на „Животинска фарма“, којашто ти ми ја подари за роденден.

Признавам, долго се рехабилитирав.

Но, сè уште не се излечив од поразот до крај. Не успеав да створам оаза за нашата љубов, а сакав да биде токму онаква каков што беше кружниот цветен прстен на плоштадот.

И, не, не успеав да ги натерам булдожерите да ми ја остават младоста на раат.

Не отидов ниту кај вајарите да им кажам дека го испуштија срцето. Заборавија да го обликуваат најважниот орган без кој сега нема ритам.

Нема пулс!

Креираа монструм, без душа.

А, сепак, се борам против навредите.

Кој плоштад сега да го паметам? Оној на којшто ми се лизна љубовта помеѓу чекорите од жал вбризгани во европскиот камен, или овој што ми дарува куп вештачки цвеќиња чија површност сјае, а однатре чмае ѓубре?

Љубовта, па и онаа загубената, ме победува…

Плоштадот е грд. Грд.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

Тина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота со нејзини стихови на Фронтлајн.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.