Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре, недела, 21 април 2024 на МРТ 1.
Од јавниот сервис ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.
Последен што потврди беше актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски. Тој, како што соопшти неговиот тим за комуникации, ја прифатил поканата за дебата, иако останува на ставот дека треба да се расчисти случајот со индиции за лажни анкети за рејтинзите на кандидатите и партиите поврзан со Македонската радиотелевизија.