Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две години преговори: Европската Унија усвои Стратешки компас за одбрана

0
By Sashko on March 21, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи и за одбрана денеска го усвоија предлогот за стратешки одбранбен компас за Европската Унија (ЕУ) со кој се координира и усогласува заедничката одбранбена политика на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел го поздрави усвојувањето на предлогот по две години преговори. Тој нагласи дека ова нема да стави крај на војната во Украина, но дека доаѓа во вистинско време кога секој граѓанин во Европа ја разбира целта за зајакнување на силата на ЕУ“.

Целта на овој документ е да даде патоказ за земјите на ЕУ во справување со кризи и војни во нејзиното соседството или во светот и да ѝ овозможи брзо да реагира кога е потребно, да се зголемат капацитетите на ЕУ како и инвестициите во воениот сектор, и да се развијат партнерства со сојузниците на Европа во светот, меѓу нив и Западниот Балкан.

„Реков дека Европа е во опасност, многумина тогаш мислеа дека го кажувам тоа за да го продадам производот, да привлечам внимание, денес сите се уверени дека Европа е во опасност, очигледно е после инвазијата и оваа војна е тектонска промена на геополитичкиот пејзаж“, рече вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Борел нагласи дека со стратешкиот компас ЕУ ќе може да реагира поцврсто и поодлучно во услови на кризи и да ја обезбеди сигурноста на европските граѓани. Тоа ќе има цена: ќе треба земјите да инвестираат во воени капацитети и да ги зголемат трошоците за одбраната, околу 1,5 отсто. Истовремено НАТО бара зголемување на воениот буџет на два отсто од бруто домашниот производ.

Шефот на ЕУ дипломатијата инсистираше дека овој документ во ниеден случај не значи конкурентност со НАТО, туку надополнување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.