НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По екстремна суша, 3.400 години стар ирачки град „излезе“ од под вода

0
By Mirjana on June 21, 2022 СВЕТ
Photo: CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем град стар 3.400 години се појави во Ирак откако нивото на водата во една акумулација брзо се намали поради екстремната суша.

Курдски и германски археолози на почетокот на годинава, ја ископаа населбата во акумулацијата Мосул, покрај реката Тигар во регионот Курдистан во северен Ирак. Проектот беше во партнерство со Дирекцијата за антиквитети и наследство во Духок за да се зачува културното наследство на областа за идните генерации.

Се верува дека археолошкиот локалитет Кемуне е градот Закику од бронзеното време, главен центар на империјата Митани, која владеела од 1550 до 1350 година п.н.е. Територијата на кралството се протегала од Средоземното Море до северен Ирак, според Ивана Пуљиз, помлад професор на катедрата за блискоисточна археологија и асириологија на Универзитетот во Фрајбург во Брајсгау, Германија, и еден од директорите на проектот.

Трка со времето

Закику беше потопен под вода откако ирачката влада ја изгради браната Мосул во 1980-тите години и оттогаш ретко ја гледаше светлината на денот. Откако Пуљиз слушна дека градот повторно се појавил, нејзиниот тим побрза да го ископа местото бидејќи не се знаеше кога нивото на водата повторно ќе се зголеми.

Тајната комора под домот открива мистерии од железното време

„Поради огромниот временски цајтнот, копавме на ниски температури, снег, град, дожд, дури и невреме, како и за време на повремено сончеви денови, не знаејќи кога водата повторно ќе се зголеми и колку време ќе имаме“, рече Пуљиз. 

 

Античкиот град сега е повторно потопен, но истражувачите успеаја да каталогизираат голем дел од локацијата.
Палатата веќе била документирана кога градот накратко се појавил во 2018 година, но за време на последното ископување биле документирани повеќе дополнителни структури. Некои од откритијата вклучуваат утврдување комплетно со кули и ѕидови и складиште како висока повеќекатна зграда.
Голем дел од структурите биле направени од тули од кал исушени на сонце, кои вообичаено не се држат добро под вода, велат истражувачите. Меѓутоа, Закику настрада од земјотрес околу 1350 година п.н.е., а делови од горните ѕидови се срушиле и ги покриле зградите.

Зачувување на минатото

Малку е познато за древниот народ Митани кој го изградил градот, најмногу поради фактот што истражувачите не го идентификувале главниот град на империјата или не ги откриле нивните архиви, рече Пуљиз. Сепак, одредени артефакти откопани за време на последното ископување би можеле да помогнат да се обезбеди увид.

Археолозите пронајдоа пет керамички садови во кои имало преку 100 глинени табли испишани со клинесто писмо, кои датираат од периодот кој претходел на големиот земјотрес. Се верува дека тие се од средноасирскиот период, кој траел од 1350 до 1100 година п.н.е.

Древната арапска храмска уметност открива хибридни камили

„Многу е чудно што клинесто писмо направено од непечена глина преживеало толку многу децении под вода“, рече Петер Пфелцнер, професор по блискоисточна археологија на Универзитетот во Тибинген и еден од директорите на ископувањата.
Таблите сè уште не се дешифрирани, но Пуљиз претпостави дека припаѓаат на приватна архива.

„Љубопитна сум понатаму да видам што ќе открие проучувањето на текстовите со клинесто писмо за судбината на градот и неговите жители по разорниот земјотрес“, рече таа.

Сите артефакти кои беа ископани, вклучително и плочите, се сместени во Националниот музеј Духок.

Пред градот уште еднаш да исчезне под вода, истражувачите ги покриле урнатините со цврсто прицврстени пластични плочи, држени со камења и чакал. Пуљиз се надева дека овие мерки ќе го заштитат античкиот локалитет од водена ерозија и ќе спречат негово целосно исчезнување.

(Преземено од Си-Ен-Ен)

Сушата во Ирак откри град стар 3.400 години
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.