Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По изборите ресетирање на односите Полска-ЕУ?: Враќање на слободата на медиумите, независното судството, право на абортус

0
By Ана Василевска on October 17, 2023 ВЕСТИ
European Council President Donald Tusk holds a news conference during a European Union leaders summit meeting in Brussels, Belgium, October 19, 2017. REUTERS/Dario Pignatelli
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веројатната новата влада сигурно ќе означи промена од популистичката и националистичката политика на ПиС, во која беа забележани осум години проблематични односи со Брисел, како и области на уназадување кога станува збор за независноста на судството и слободата на медиумите.

Многу е веројатно дека ќе има промена на власта во Полска по гласањето во неделата на кое беше забележан најголем одѕив во постсоветската историја на земјата.

Владејачката партија Право и правда (ПиС) можеби излезе на врвот кога станува збор за добиените гласови, но Граѓанската коалиција, предводена од поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се чини дека ќе има вкупно мнозинство места во полскиот парламент.

Веројатната новата влада сигурно ќе означи промена од популистичката и националистичката политика на ПиС, во која беа забележани осум години проблематични односи со Брисел, како и области на уназадување кога станува збор за независноста на судството и слободата на медиумите.

Голем дел од неодамнешните битки на Полска со ЕУ ги вклучија овие прашања. Моника Сус, вонреден професор на Полската академија на науките, изјави за Еуроњус дека сето ова најверојатно ќе се случи.

„Тие дефинитивно ќе се обидат, пред сè, да ја вратат Полска на светлината на демократијата, така што судскиот систем ќе биде ослободен. Печатот повторно ќе биде слободен. И, се разбира, ќе бидат вратени и правата за малцинствата“, рече Сус.

„Ова би го помогнало за градење на односот со Европската унија, по осум години конзервативна и националистичка влада. Мислам дека Полска повторно ќе биде сигурен партнер во Европската унија. Дефинитивно ќе се обидеме да имаме подобри односи со нашите соседи. ”

Но, некои од позициите на Граѓанската коалиција би можеле да бидат во согласност со оние на PiS, иако со мали разлики.

Полската поддршка за Украина речиси сигурно ќе остане силна, но според Теона Лаврелашвили, политички аналитичар во Центарот за европска политика, тензиите со Брисел за миграцијата би можеле да продолжат.

„Во земјата има многу грижи поврзани со миграцијата, но и со безбедноста со кои Туск треба да се справи на домашно ниво“, изјави Лаврелашвили за Еуроњус.

„И знаеме дека, исто така, неговиот став [на Туск] за миграцијата не е нужно позитивен кога зборуваме за задолжителниот механизам за преместување [на ЕУ].

„Меѓутоа, начинот на кој ќе го претстави и како конструктивно ќе се ангажира со европските носителите на одлуки, се разбира, ќе биде различен.

Туск има огромен предизвик пред себе, иако кога станува збор за управување со коалиција формирана од партии од различни средини, со едната (Трет пат) од десниот центар, а другата левичарска партија (Левица).

„Мислам дека ќе има внатрешни спорови, но мислам дека тие попрво би содржат внатрешни прашања, на пример, абортусот“, изјави Сус за Еуроњуз.

„Значи, во однос на абортусот, се разбира, секоја од трите партии е многу пофлексибилна, многу поотворена кон прифаќање на правата на жените од сегашната влада.

„Но, сè уште има разлики меѓу нив, кои се движат од „да го либерализираме целосно абортусот“ до „ајде да имаме некои правила и да работиме на тоа, но не можеме целосно да го либерализираме абортусот“.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В. 

Доланд Туск Избори во Полска националисти Право на абортус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.