Телото на жената кое три дена стоеше во фаза на распаѓање кај мостот близу Скопски саем пред половина час е однесено во погребалното претпријатие АД Бутел.
Починатата Весна Станковиќ е ставена во капелата, а од погребалното претпријатије се заканиле дека нема да ја погребаат се додека семејството не ги подмири трошоците.
Семејството се бездомници, не примаат социјална помош, единствено свекорот со минималните примања, и собирањето на пластични шишиња се средства за нивна прехрана.
Откако НОВА ја објави приказната, поребалните служби по речиси 2 часа дојдоа и го однесоа телото.
Претходно, ниту обидите на невладината организација „Амбрела“ не ги покренале надлежните во Центарот за социјални работи, од Министерството за социјала, МВР или погребалното претпријатие АД Бутел да го тргнат телото кое два дена стоеше под отворено небо.