Сепак, се предвидува дека кандидатите на Макрон ќе победат во поголем број изборни единици од левичарските ривали, што ќе му даде мнозинство на сојузот на Макрон, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес.
Според проекциите, врз основа на делумните изборни резултати, се очекува центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон да го задржи парламентарното мнозинство.
Според истите прогнози, партијата и сојузниците на Макрон освоиле меѓу 25 и 26 отсто од гласовите, што значи дека се речиси еднакви по бројот на гласови со новата левичарска коалиција составена од поддржувачи на тврдокорните левичари, социјалисти и Партијата на зелените.