Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина академик Петар Илиевски

0
By on May 31, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Академикот Петар Илиевски почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти Македонската академија на науките и уметностите.

Научната дејност ја остварува во три области: класиката, балканистиката и палеославистиката. Во класиката ги истражува античката просодија и преводните можности на македонскиот јазик како и класичното наследство во македонската култура. Меѓународна афирмација постигнал во микенологијата, каде што дава свој прилог кон решавањето на проблеми од религијата, антропонимијата и просопографијата, со што придонесува да се реконструира Микенската цивилизација. Во балканологијата ги истражува причините на јазичните промени и заемното доближување на јазиците што се зборуваат на територијата на Балканот, со посебен осврт на морфосинтаксичките особености, лексиката и зборообразувањето во македонскиот јазик.

Посебно ја проучува дамаскинарската книжевност во македонски превод во контекстот на историскиот развој на македонскиот јазик. Проучувајќи ја словенската писменост од нејзините почетоци, особено глаголицата, евангелската мисија на св. Кирил и Методиј, ја проследува нивната идеја за рамноправност на јазиците, како и просветителската дејност на св. Климент и Наум Охридски.

Учесник во НОБ од септември 1944 година.

Учествувал во првиот превод на Светото Евангелие на современ македонски јазик во 1952 година. Автор е на околу 400 труда и добитник на повеќе награди и признанија.

За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1979 година.

Погребот на академик Илиевски ќе се изврши утре на Градските гробишта во Бутел, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на Гробиштата во Бутел од 12 до 13 часот.

Заедничката комеморативна седница на МАНУ, на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се одржи во 12 часот во понеделник во МАНУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.