Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев

0
By Marija Todorovska on January 23, 2025 ВЕСТИ
Фото: ДЛУМ
Фото: ДЛУМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По кусо боледување вчера во Скопје почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел во утре (24 јануари) од 14.30 до 15.30 часот, а погребот ќе биде во 15.30 часот, информираат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Коле Манев беше врвен портретист, за што сведочат многубројните портрети кои висат во приватните колекции на колекционерите ширум земјава и во странство, но и портретите на преродбениците што се наоѓаат во нашата највисока научна институција – Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, исто така и портретите на најзначајните македонски писатели што се изложени во седиштето на Друштвото на писателите на Македонија – ДПМ. Тој беше автор на над дваесетина самостојни изложби, учествувал на мноштво групни изложби, член на ДЛУМ од 1974 година, во еден период и претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, награден со многу награди за своето сликарство: „Нерешки мајстори“, четирикратен добитник на „Мал формат“, награда за „Цртеж“ на ДЛУМ, „Наше историско минато“, награда на ликовна манифестација во Цетиње, од Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија ја добива наградата за посебни заслуги во афирмирањето на темата „бегалци“, во 2004 година Општина Центар му ја доделува наградата „Феникс“ за посебни заслуги во културата, во 2006 година Министерството за култура на Република Франција го прогласува за почесен витез од областа на културата и творештвото, во 2021 година Кинотеката на РС Македонија му го додели признанието „Златен објектив“ за особен придонес во македонската кинематографија, велат од ДЛУМ.

Во 2015 година, Коле Манев, разочаран од тоа што неговите сценарија повеќепати не се прифатени за реализација во Агенцијата за филм, собра шест авторски сценарија за свои краткометражни филмови и ги објави во книгата под заеднички наслов „Сценарио – зошто да не?“ со идеја дека оваа книга ќе им послужи на помладите сценаристи или режисери кои ќе се
инспирираат и можеби некое од тие сценарија и ќе го реализираат на филм. Едно од тие никогаш нереализирани сценарија кое не влезе во претходниот избор, а кое имаше материјал да биде продолжено во подолга приказна, Коле Манев го преработи во роман и го објави во 2018 година под наслов „Патување со Самаритен“, една многу интересна приказна раскажана во прво лице, која зборува за патешествието на главниот јунак низ Франција, за неговите љубовни авантури, за
неговите доживувања во светот на уметноста – еден роман нетипичен за македонската книжевност. Сепак, и покрај сите овие објави, Коле Манев никогаш не претендираше на тоа дека е книжевник, тој секогаш сметаше дека пишувањето е негова споредна дејност, а главна и основна дејност секогаш остануваше сликарството, велат од ДЛУМ.

Со неговото заминување од животната сцена, македонската култура, додаваат, останува посиромашна за еден голем човек и извонреден уметник

ДЛУМ Коле Манев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.