Кане Танака, највозрасната жена во светот, почина денеска на возраст од 119 години, пренесува агенцијата „Аанадолија“.
Танака почина во Фукуока, каде и живееше, објави новинската агенција „Кјодо њуз“.
Таа е родена во 1903 година, една година пред руско-јапонската војна, и оваа година го прослави 119 роденден. Во животот беше сведок на најмалку пет империјалистички епохи на модерната јапонска историја по 1867 година, вклучувајќи ги Меиџи, Таишо, Шову, Хеисеи и Реива која е во тек.
Во Гинисовата книга на рекорди беше впишана во март во 2019 година како највозрасна жена на светот, на возраст од 116 години.
Рекордерка за најдолг живот на сите времиња, според Гинисовата книга на рекорди, е Французинката Жан Луи Калмо која почина во 1997 година на возраст од 122 години.