Поранешниот офицер на СС-трупите, Ерих Прибке, почина 100-годишна возраст во домашен притвор во Италија. Прибке бeше одговорен за стрелање на стотици цивили и до крај не изрази каење за тоа.
Ерих Прибке беше осуден на доживотен затвор поради убиство на 335 цивили во 1944 година, во Ардеатинските јами. Меѓу убиените имало 75 Евреи. Поранешниот офицер на СС-трупите беше уапсен во 1944 година, во Аргентина, каде што се криеше полни 40 години, а една година подоцна беше испорачан на Италија, каде што му беше судено.
Поради лошата здравствена состојба во 1999 година му беше дозволено издржување на казната во куќен притвор.