Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории.
– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот, информираат од Обвинителството.
Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер, а во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзорот и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.