Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнал како играч во дефанзива, кој е навистина Кристиано Роналдо?

0
By Нова ТВ on January 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


За оние кои го знаат од најмлада возраст, освојувањето на „Златната топка“ беше добро позната глетка. Кристијано Роналдо плачеше солзи-радосници во понеделникот кога ја доби втората за него „Ballon d’Or“, но растејќи во сиромашен дел од главниот град на Мадеира, најдобриот фудбалер во светот за 2013 година често можел да се најде во истата состојба во текот на животот.

Растен во планинските предградија на најголемиот град на островот, во областа наречена Санто Антонио, детството на Роналдо воопшто не било лесно. Доаѓањето на четвртото дете на Долорес и Динис, воопшто не било планирано. Неговата мајка, готвачка, и неговиот татко, општински градинар кој ја изгубил својата долга битка со алкохолот во 2005 година, се борела за да донесе храна на масата.

Името Кристиано го добил од неговата мајка, а Роналдо од неговиот татко (Роналд Реган омилена личност на татко му), младото момче набрзо влегува во фудбалот. Откако го придружувал својот татко за натпреварите на локалниот клуб Андориња, тој започнал да игра на 7 години со неговиот братучед Нуно.

Франциско Афонсо, наставник во основно училиште, и прв тренер на Роналдо, бил импресиониран од самиот почеток. „Тој беше нешто посебно од самиот почеток – можеше да се види тоа“, вели тој за спортскиот сајт „Гол“. „Беше мал, но многу одлучен. Започна како одбранбен играч, но наскоро се пресели погоре на теренот, бидејќи сакаше да биде вклучен во сè. Тој беше добар со двете нозе и брз, со добра техника, бидејќи никогаш не престана да тренира – и секогаш ја сакаше топката кај него. Фудбал беше сé за него и ако не можеше да игра, беше вознемирен“.

За него пријателите велат секаде шетал со топката в раце. И покрај обидите да го натераат да проба други спортови, Роналдо секогаш го сакал фудбалот.

Бил толку талентиран што на еден натпревар постигнал три гола во првото полувреме за Андориња, со што ги довел во водство од 3-0, но по повреда во натпреварот, тој го напушта теренот, а клубот губи со 3-4.

На 12 години потпишува младински договор со Национал, а потоа го забележува еден од најголемите португалски тимови, Спортинг Лисабон. Потпишува договор со нив.

Академијата на Спортинг е најпозната во Португалија за равивање на светски фудбалски крила, како на пример Луис Фиго. Мајката на Роналдо, голем фан на Фиго, била среќна за идејата нејзиниот син да игра во истиот дрес, и тој на 12 години преминува веднаш во Спортинг.

Најпрво работите биле тешки за младиот Кристиано, кој бел исмејуван од своите соиграчи поради акцентот.

„Тој беше борец, дете од улицата. Неговиот татко беше многу несреќен човек и почина пред неколку години, така да Кристиано имаше тешко детство но знаеше како да одговори. Кога претседателот на ФИФА, Сеп Блатер му забележуваше, тој рече „Јас одговарам на теренот“, и тој тоа го направи. Во однос на тоа, Блатер беше во право, Роналдо е командант“, вели де Фритас, пријател кој е буквално најзначаен за неговиот трансфер во Спортинг.

Пријателот од детството, Руи, за него вели: „Луѓето не го познаваат, Мислат дека го познаваат, но кога сте со него тој е толку добар и дарежлив човек. Не доаѓа наваму во Санто Антонио бидејќи многу од луѓето не работат и бараат од него пари, така да не се враќа често, но тој е многу добар човек“.

Тој надополнува дека сеуште се во контакт со славниот фудбалер. За многу од неговите пријатели, Роналдо е многу важна личност бидејќи градот го „озчачил на мапата“, и се благодарни за неговата амбасадорска улога за земјата.

Така да, кога 28-годишниот фудбалер не можеше да ги сокрие солзите на гала-вечерта за доделувањето на признанието „Ballon d’Or“, сигурно глетката била поинтересна во Мадеира, кога неговите сограѓани со носталгија и гордост што живееле со него, плачеле во истиот момент. Роналдо порасна од едно сиромашно дете, во освојувач на најпрестижната награда за еден фудбалер, за втор пат во својата кариера.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.