Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува кампањата за Локалните избори 2021

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
epa08547062 A woman wearing a protective mask checks her name at the list for voting at a polling station in the city of Strumica, Republic of North Macedonia, 15 July 2020. Almost two million Macedonians vote in a early Parliamentary elections three months after they were postponed due to the coronavirus pandemic. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври почнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ. Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи.

Најголемите партии и коалиции кампањата ја почнуваат речиси традиционално од истите градови.

Централниот настан на караванот „Најдоброто за твојата општина“ предводен од СДСМ е закажан во Битола, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје. Караванот своите активности ги завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ кампањата за локалните избори ќе ја води под слоганот „Создади нова иднина“, а ја почнува со собир во Античкиот театар во Охрид, а во текот на денот претставување на програмата во Скопје ќе има кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија.

ДУИ најави дека кампањата ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар.

Беса изборната кампања ќе ја започне вечер во Скопје со собир на отворено пред салата „Борис Трајковски“.
ДИК, претходно, потврди 300 листи за градоначалници и 576 за советници. Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден на седница на ДИК. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. Од поголемите партии, на Единствената листа на кандидати, Демократската унија за интеграција е под број 3, Алијанса за Албанците под број 5, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ под број 7, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија под број 9, Алтернатива под број 10, Демократската партија на Албанците под број 11, БЕСА под број 16…. На листата се наоѓаат и помали партии, коалиции, а има и голем дел независни кандидати. ДИК веќе го утврди и изгледот на избирачкото ливче за локалните избори.

Доколку оценат дека има некакви прекршувања во кампањата, подносителите на листи можат да поднесат приговор за непочитување на одредбите за изборната кампања (Член 69-аод Изборниот законик). ДИК е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата. ДИК одлучува по поднесен приговор најдоцна во рок од 72 часа од денот на поднесувањето. Против одлуката на ДИК се поднесува тужба до Управен суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд одлучува во рок од 72 часа од приемот на тужбата.
Народниот правобранител ги потсетува граѓаните дека во неговата канцеларија функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на изборната кампања, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2021 (17 и 31 октомври 2021).

По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени, се посочува во соопштението од Народниот правобранител. Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден.

На Локалните избори закажани за 17 октомври 2021 право на глас имаат 1 824 864 граѓани. Избирачкиот список беше заклучен на седница на ДИК, а најдоцна на 1 октомври односно 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список и изводите од него. Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во Посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82 461 лица, кои се на привремена работа или престој во странство, согласно евиденцијата на надлежниот орган, 1899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор: 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето. До 1 октомври во земјава треба да пристигнат сите терминали, како и системот што треба да го достави германската компанија „Дермалог“.

Како што најави претседателот на ДИК во тек е едукација на членовите на изборните органи, а паралелно течат и сите други активности за успешно организирање на изборите.

Како и за Парламентарните избори 2020, и годинава изборите ќе се одржат со спроведување мерки за заштита од Ковид-19 и ќе бидат формирани посебни изборни комисии за лицата кои ќе искажат интерес за гласање, а на денот на изборите ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот.

Кампањата и за локалните избори ќе биде набљудувана од страна на претставици на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и други организации. Рокот за акредитација на набљудувачи за изборите завршува на 6 октомври.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 29 октомври на полноќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.