НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува кампањата за секој глас – дали цензусот е достижен

0
By Соња Петрушевска on September 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кампањата за референдумот е во полн ек, но сеуште е рано да се прогнозира исходот на 30 септември – се согласуваат аналитичарите кои го испитуваат јавното мислење . Во првите десет дена од кампањата, од Коалицијата „Заедно за Европска Македонија“ ги повикуваат граѓаните да излезат на историско гласање за влез во НАТО и ЕУ.

„Референдумот на 30 септември е важен како оној од 1991 година за да ја осигураме и обезбедиме Македонија. Да ја качиме на шините и да тргне конечно по 27 години. Ова е моја и ваша Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б. На Македонија и треба економски раст, мора да направи квантен скок, за да се крене стандардот. Поради калкуланството изминатите години земјата остана во калта, додека светот стана глобално село. Оваа одлука што ја донесов не е затоа што Владата и Парламентот застанаа зад мене, туку затоа што знам кој стои зад мене, дека зад мене стои мојот народ, кој сака живот овде во Македонија“ рече премиерот Зоран Заев на вчерашниот митинг во Кратово.

Од другата страна, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно говори за штетноста на Договорот од Преспа но не води јасна  кампања дали членството треба да излезе на референдумот или не. Партискиот став „ секој  да одлучи како ќе постапува на 30 септември“ на отворена сцена ги демонстрираше различните мислења на партиските функционери и дел од нив изјавија дека ќе гласаат на рефрендумот и ќе гласаат „против“.

„Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот и се злоупотребува силната желба на македонскиот народ за европските стандарди, просперитет и сигурност на државата“ порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во  Штип.Во ваков политички амбиент кампањата за бојкот на референдумот ја води единствено  Движењето „Бојкотирам“.

 

Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ вели дека кампањата е еднострана, затоа што нема кампања против, туку само притаена кампања за бојкот поради нејасниот став на ВМРО-ДПМНЕ кој изминативе денови беше предмет на различни толкувања.

Никола Спасов
Агенција „Рејтинг“

„Кампањата на „Колицијата Заедно за Европа“ е со презцизни пораки и во голем дел комуницира со граѓаните. Има две главни пораки – позитивна кампања во која се нагласуваат придобивките од НАТО и ЕУ членството и што се добива по Договорот, а истовремено се води дебата по телевизите за идентитетските прашања и за името. Ова не е адвертајзинг кампања, туку се води дневно и мислам дека сеуште на некој начин создава различни интерпретации и од двете страни – подржувачите на Коалицијата „за“ велат дека идентитетот е заштитен, а од ВМРО ДПМНЕ дека се брише идентитетот. Овој дел, за кој граѓаните сеуште размилуваат ќе биде клучен дали ќе излезат на гласање или не“ вели Спасов за НОВА ТВ.

Тој анализира дека кампањата веќе мобилизирала поголем дел од членството на албанските партии и на СДСМ да излезат на референдумот, а референдумот проценува тој, ќе го подржат и неопределените гласачи кои се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. За членството на ВМРО-ДПМНЕ, Спасов вели дека во овој момент е тешко да прогнозира како ќе постапи и дека останува непознатица во кој процент би излегле на гласање.

„Членството е збунето уште од смената на раководството и не им е јасно кој ги влече конците. Има различни фракции со различно влијание во партијата. Членството на ВМРО-ДПМНЕ е научено на јасно водство и затоа сега е тешко да се предвиди како ќе влијаат пораките од поранешни и сегашни функционери дека ќе гласаат на референдумот против Договорот, кога партискиот претседател не се изјанува или можеби ваквото разногласие ќе предизвика да ги збијат редовите за неизлегување“ коментира Спасов.

Владимир Божиновски од  „Инстиутот за политички истражувања“ вели дека се добива впечаток како да нема кампања .

„Кампања „против“ генерално не постои и не очекувам да ја има, затоа што досега партиите кои се против Договорот ниту некој од  високи функционери или други јавни личности кои го креираат јавното мислење не се изјаснија изрично дека ке гласаат против, туку оставија на граѓаните да одлучат сами. Бидејќи не постои кампања против, тоа значи дека лугето кои сакаат да излезат на референдумот а би гласале против полека се приклучуваат на кампањата „Бојкотирам“ која е активна и е единствена кампања која јасно кажа дека е против излегување на референдумот“ кажа Божиновски.

Владимир Божиновски
Институт за политички истражувања

Божиновски не прогнозира дали кампањата ќе успее да мобилизира повеќе гласачи за да се достигне цензусот од повеќе од 900 000 гласачи.

„ Претпоставувам дека кампањата „За“ ќе се засили наредните денови, но не знам колку ќе има успех, затоа што од 3 до 6 проценти од гласачите секогаш одлучуваат во последен месец од кампањата. Попис немаме но според податоците во Македонија има 2 070 000 државјани. Од нив 370 000 до 380 000 се малолетни, а дел од оние кои имаат право на глас не живеат во државава, дури некој од нив не се ни пријавени дека заминале.  Реално нема 1.800 000 гласачи што се во Македонија“ рече Божиновски.

Според последното истражувања на Божиновски, околу 40 проценти ја подржуваат кампањата „За“. Во однос на пораките кои се испраќаат, Божиновски коментира дека „ветувањата можат да се споредат со избори“ и додава дека и „тие што се за и тие што се против догиворот и натаму ќе го  толкуваат на свој начин со цел да ги максимизираат своите позиции кои не кореспондеираат со реалната ситуација.

Како ќе се доближува денот на гласањето, треба да се очекува кампањата да се интензивира. Секоја страна ќе го засили своето учество на терен и  обидите нивните пораки да стигнат до што повеќе публика. Спасов очекува кампањата во периодот што следи повеќе да биде фокусирана на излезноста на рефрендумот. „Подршката од странците е добра, но веќе на сите им  е јасно дека тие го подржуваат рефрендумот. Очекувам дека сега сите страни повеќе ќе се фокусираат на домашен терен“ вели Спасов.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.