Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува Недела на франкофонски филм

0
By on March 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со францускиот филм „Готвачката на Претседателот“ во режија на Кристијан Венсан, снимен 2012 година, вечерва, во Кинотеката на Македонија ќе почне „Недела на франкофонски филм“ во организација на Францускиот институт во Скопје.

Филмската манифестација се одржува по повод 20 март – Меѓународниот ден на франкофонијата. Се организира во соработка со дипломатските претставништва на франкофонските земји, ТВ-мрежата АРТЕ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје.

Утревечер ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Детето одозгора“, в петок е бугарско-швајцарско-германската копродукција „Балканска мелодија“. Во сабота, 23 март, ќе има два филма – од 19 часот е белгискиот „Џинови“, а од 21 часот грчкиот „Невести“, а в недела во терминот од 20 часот на програмата е унгарскиот „Таксидермија“.

Француско-австрискиот филм „Густав Малер, аутопсија на еден гениј“ ќе биде прикажан во понеделник, а наредниот ден е проекцијата на канадскиот филм „Господин Лазар“. Неделата на франкофонски филм ќе заврши во среда, 27 март, со омажи за Владо и Љубе Цветановски – првиот омаж е документарен филм режиран од екипа на ЕСРА, а вториот -„Мојот татко Изет“ е филм во продукција на МТВ.

Во рамки на манифестацијата ќе биде поставена изложба на плакати на француски филмови од Бугарија. Неделата на франкофонски филм официјално ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер и бугарскиот амбасадор Иван Петков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.