Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.
– Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси, појаснуваат од АНБ.