Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствените работници и хронично болните

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители.

Министерот за здравство Венко Филипе најави и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците.

– Граѓаните над 60 години кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС-порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина. Таа порака ќе биде потсетување дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, изјави вчера Филипче.

Во однос на скринингот на училиштата, министерот посочи дека прво ќе се почне со обезбедување согласност од родителите, а потоа ќе биде презентирана и методологијата.

– Јас верувам дека подготовката во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители, рече Филипче.

Според податоците на Министерството за здравство, 73 проценти од пациентите кои починале од Ковид-19 имале најмалку две хронични болести, што, според Филипче е факт кој бара еден детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението. Тој деновиве рече дека скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи.

Деновиве во државата пристигнаа 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“ преку системот Ковакс, а вкупно од овој производител има околу 250 илјади, 50 000 вакцини на „Синовак“ и околу 100 илјади вакцини од производителот „Астра Зенека“. Од Министерството за здравство очекуваат наскоро Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, кои имаат рок до 2023 година.

Заклучно со петокот, вакцинирани се 781 623 граѓани, а ревакцинирани 714 135, односно аплицирани се вкупно 1 495 762 дози.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход, информира Министерството за здравство.

Ковид-статистиката слична на претходните денови. Вчера беа регистрирани се 336 нови случаи од направени 3.425 тестирања или околу 9,8 отсто. Беа евидентирани 17 починати лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравени 222 пациенти. Од починатите, најмладото лице е на 38-годишна возраст од Охрид.

Досега во земјава се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 5735 активни случаи, следи Куманово – 979,

Тетово – 948, Охрид – 515, Гостивар – 488, Кичево – 411, Струга – 365, Струмица – 331,

Велес – 324, Прилеп – 300, Битола – 287, Штип – 248, Кавадарци – 225. Во другите градови се под 200 активни, а во Дојран само еден случај на позитивен на коронавирусот.

Од денеска почнува и изборната кампања за локалните избори, но епидемиолозите не очекуваат таа да ја измени епидемиолошката слика во државата оти голем дел од населението веќе го има прележано вирусот, а и ревакцинирани се над 700 илјади граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.