Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Под нишан

0
By Нова ТВ on May 15, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Јуриј Гончарук, амбасадор на Украина во Р.Македонија

Неодамна сиот свет праведно го осуди срамното однесување на пратениците од партијата «Свобода» во врска со раководителот на Националната телевизиска компанија на Украина (НТКУ) Пантелејмонов.
А како ли живеат едноставните, неелитните новинари, кои се наоѓаат во зоната на дејствијата на «мирните протестанти» на истоток на украина.
Прво за официјалните заклучоци.
На 12 мај беше објавен заеднички извештај на ОДИХР и на ВКНМ (ОБСЕ), подготвен според резултатите од делувањето на заедничката мисија за проценка на ситуацијата во сферата на човечките права во Украина. Мисијата претстојуваше во Украина од 6 март до 17 април.

Значи, со цел на спречување на објективното покривање на масовните собири и протести во конфликтните региони, се случува заплашување на медиумите од непознати лица, при што жртви стануваат како украинските, така и странските новинари, во конфликтните региони настапуваат поддржувачите на единството на Украина и новинарите.
Сега за случаите на притисокот врз медиумите, евидентирани од украинскиот Институтот за масовно информирање во текот на март-мај. Сакам веднаш да забележам дека овој список е некомплетен.

Така:
– во март проруските активисти во Харков влегоа во ТВ каналот Simon и ги принудија да го емитуваат во живо рускиот ТВ канал “Русија 24”;
– телерадиокомпанија “Донбас” го суспендира емитувањето поради тоа што во ТВ студиото се втурнаа проруските активисти со барање новинарите повеќе да раскажуваат за нив;
– во Луганск проруските демонстранти ја зазедоа зградата на телевизиската компанија “ИРТА”. Толпата ја проби влезната врата, ги зазеде сите кабинети, ги изнесе противпожарните апарати и се закани дека ќе ја изгори телевизиската компанија ако не им ги предадат за уништување сите излезни материјали за сторијата за заземањето на зградата на луганската обласна државна администрација на 9 март;
– во април во Донецк непознати се обидоа да ја заземат Обласната државна телерадиокомпанија, но силите на спроведување на законот одбранија;
– во Харков околу 50 проруски активисти во маски и со палки го искршија хардверот на телевизиската компанија АТН;
– во Луганск на ТВ каналот “ИРТА” непознати ранија тројца чувари, кога тие се обидоа да ги запрат.’
– во Харков непознати се обидоа да ја заземат Харковскиот регионален ТВ предавател, ставајќи пред раководството ултиматум да се обнови радиодифузијата на руските телевизиски канали;
– во Краматорск вооружени напаѓачи два пати (на 17 и на 18 април) го заземаа телевизискиот предавател на Концернот РРТ. Сигналот од него го обезбедува само телевизискиот сигнал на Краматорск, туку и на Словјанск,Горливка и Макиивка. Напаѓачите ги искучија украинските телевизиски канали и наредија да почне емитувањето на руските;
– во Торез, Донецка област, непознати ја уништија и запалија канцеларијата на локалниот весник “Про город”.
– ја запалија канцеларијата на весникот «Провинција» во Константиновка, Донецка област.
 – во мај, во Торез околу 50 непознати луѓе во маски, вооружени со стапови и палки направија масакр во канцеларијата на општинскиот весник “Горнјак”. Нападот врз редакцијата го направија како одмазда за тоа што изданието не објавило информација за делувањето на сепаратистите во градот;
– во Констјантиновка вооружени луѓе ја блокираа редакцијата на весникот “Провинција”.

Напаѓачите ја запечатија редакцијата, главниот уредник М. Разпутко и основачот на весникот – Г. Разпутко ги одведоа во штабот на сепаратистите, каде што им кажале дека тие повеќе “не работат во редакцијата на весникот”.
– на 8 мај во Донецк претставниците на таканаречената Донецка народна република ја зазедоа зградата на независниот телевизиски канал “Јунион”. Вооружени сепаратисти соопштија за намерата да ја контролираат дејноста на вработените на ТВ каналот.
На крајот сторија, што може да се случи на Донбас со каков и да било новинар што се обидува чесно да си ги врши своите професионални обврски.
Рускиот новинар П. Канигин, на 11 мај, го пренесуваше одржувањето на таканаречениот «референдум» во градот Артемивск, Донецка област.
Меѓу другото, објавил на сајтот на своето издание за тоа дека во «референдумот» земаат учество во основа зрели луѓе и постари лица, млади многу малку, дека гласачките ливчиња изгледаат «многу аматерски» – тие се отпечатани на обична хартија, на која нема водени знаци и дека може да се отпечатат на било каков прионтер.

Вечерта, кога новинарот седел со својот германски колега Ш. Шолл во кафуле, таму влегле 5 такнанаречени «милицајци», кои «покажаа претензии», зошто тој «пишува такви работи, што тоа значи «аматерски гласачки ливчиња» и зошто «напишал дека нема младина».

На централниот плоштад на Артемивск, каде што го одведоа, пријдоа други милитанти кои почна да го обвинуваат за соработка со Државниот сектор и ЦРУ, нарекувајќи го «Десен сектор», по што се истурија удари врз него».

Потоа го соблекоа, му ги одзедоа сите пари, компјутерот, мобилниот телефон, му ги извадиле пертлите од чевлите. Му се закануваа со испрашувања, бараа откуп од 30 илјади долари, му се закануваа дека ќе го изнесат во шума и ќе пукаат во него.
На крајот се задоволија со одземените работи и парите. Потоа го удрија по глава. Тој се разбуди на 12 мај во хотел во Донецк.

Значи, таква е едноставната приказна: според податоците на генералното обвинителство на Истокот од Украина вкупно жртви на киднапирање станаа 125 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.