Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Под сенката на дудинките

0
By Нова ТВ on May 15, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Тамара Чаусидис

На почетокот на минатиот век во Сплит и некои други градови во Далмација шеталиштето покрај морскиот брег , рива, како што ја нарекуваат , беше со дрворед од дудинки. Се додека на локалните жители не им дојде преку глава од зрелите плодови на дрвото кои паѓаа на земја, се лепеа на чевлите од минувачите и така се разнесуваа насекаде. А, кој јадел дудинки знае: освен што рацете, устата и забите ќе ви добијат темно виолетова боја, дамките од дудинки на облеката едноставно не се мијат.

Дамката што една интернет дудинка ја направи врз јавниот збор во Македонија, исто така, тешко ќе се измие. Списокот на предавници споредени со „чиреви“ што треба хируршки да бидат исечени од здравото патриотско ткиво на Македонија, иако заврши во обвинителство „на разгледување“ не предизвика особен револт во новинарската заедница. Навикнавме? Отрпнавме? Или веќе немаме идеја како да се спротивставиме?

Во некои нормални времиња ќе можевме да се повикаме на саморегулација како инструмент за одбрана на новинарството како професија која не заслужува да стане синоним на контиуниран пад на пристојноста и на човечноста. Но, тоа беше во некои нормални времиња. Денес тоа не е можно. Не затоа што двете саморегулативни тела, Советот на честа на ЗНМ и Советот за етика, ни се „на апарати“. Првиот веќе одамна е нефункционален, а вториот е во инкубатор и се чека да созрее за да има макар минимални шанси да преживее во средина драматично контаминирана со постојани пресметки, вербално насилство и комплетно уривање на професионалните стандарди.

Новинарството треба да се справи со вулгарните полтрони и кариеристи

И кога би биле витални и силни овие две саморегулативни тела, напросто не би имале шанси. Оттаму, да не бидеме престроги во оценките што се базираат врз нереални очекувања. Саморегулацијата во македонското новинарство нема да биде можна сѐ додека тоа самото не се справи со вулгарните полтрони и кариеристи што се обидуваат да профитираат или прават сѐ да не го изгубат профитот.

Драматичниот пад на професионалноста, дури и на елементарната човечност во медиумскиот простор, ако ништо друго, барем нѐ соочуваат со сопственото дно, со потребата нешто да се измени. Но, само со потребата. За работите да се придвижат од констатација до реализација, не се доволни само новинарски лекции и празни апели. Ова зашто кога повикот за линч доаѓа од човек, кој не е самопрогласен, туку е навистина главен медиумски лик, еден од ретките кој има привилегија да ги интервјуира премиерот и сите владини министри, кој ни се обраќа преку радио, весник, телевизија и интернет, секој апел за разум, за професионалност, делува бледо и ја промашува целта. Ако целта е да се разбуди разумот.

Испишани се страници и страници текстови за опасностите од говорот на омразата, цела серија проекти фокусирани токму на тој проблем финансирани од странските донации, но, се чини дека ефектот не само што го нема, туку е и спротивен. Затоа што ги адресираат последиците, а не причините.

Исклучително наивно, па дури и неодговорно би било да се мисли дека омразата се раѓа случајно, стихијно, сама од себе или, пак, е емотивен, спонтан одговор на некоја состојба или настан. Токму спротивното, таа е осмислен проект што се произведува со сериозен политички ангажман.

Извориштето на говорот на омраза еманира од носителите на власта

Оттаму извориштето на говорот на омразата, што сега доминира во јавниот диксурс, не е последица на ниското ниво на етичност и човештина кај некои медиумски ликови, не е ниту во етички несензибилизираната јавност, туку е во омразата што еманира од носителите на власта. Ја има во нивните изјави во кои нема место за поинаквите, ја има во акциите со кои се пресметува со сите кои се таргетирани како непријатели, во постапките, во погледите, во сфаќањето на демократијата како терор на мнозинството врз неистомислениците.

Сѐ додека омразата доминира во владејачкиот политички дискурс, никаков обид за саморегулација во новинарството, ниту граѓански одговор на вербалното насилство, нема да има успех. Перманентната пропаганда и поттикнувањето поделби ја доведува јавноста во состојба на непресметливост, а во таква состојба е илузорно да се повикувате на разум. Општествените нормативи не само што не функционираат, туку и се претвораат во своја спротивност.

Омразата го разјадува општественото ткиво. Се размножува со проста делба. Се храни од малогранѓанштината на чии што скриени симпатии секогаш може да смета. Како поинаку да се објасни реагирањето на класичниот говор на омраза како на само малку „посилен“ и „емотивен“ изблик на патриотизмот. Меѓутоа, проблемот со говорот на омразата е во тоа што тој во себе носи повик за акција и не застанува само на вербална активност.

Што е решение тогаш? Да се валкаме во дудинките распослани на главното шеталиште и да ги прифатиме виолетовите дамки како нормални?

Или да ги замениме дудинките со палми како што тоа го направија сплиќаните во 1921 година? Но, нив не ги дислоцираа граѓаните, туку градските власти, како одговор на барањата на локалното население, на кое му збоктисаа валканците и дамките што не се перат. Проблемот е што на нашите власти дудинките не само што не им пречат, туку и ги садат каде ќе стигнат.

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.