Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддржувачите на Трамп повикуваат на немири и насилна одмазда по пресудата

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп повикуваат на немири, револуција и насилна одмазда на социјалните мрежи откако поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата кон порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, објавија француски медиуми на своите веб сајтови пренесувајќи извештај на агенцијата Ројтерс.

Поротата на Окружниот суд на Менхетен синоќа го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Тој ја обвини актуелната администрација за пресудата и изјави дека тоа е направено со цел претседателот Џозеф Бајден да го „повреди политичкиот противник“.

Медиумите нагласуваат дека по пресудата, поддржувачите на Трамп одговориле со објави на веб-страниците поврзани со поранешниот претседател – TruthSocial, Patriots.Win и Gateway Pundit – повикувајќи на насилство.

Како што се додава, некои поддржувачи на Трамп повикаа на напади врз поротниците, егзекуција на судијата Хуан Меркан или директна граѓанска војна и вооружен бунт.

Портпаролот на TruthSocial мрежата на Трамп, во врска со извештајот на Ројтерс за објавите на поддржувачите на Трамп, рече дека тоа е „манипулативен, лажен, клеветнички и транспарентно глупав напис“ и дека е објавен „чисто од политички инает“.

Доналд Трамп е првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за кривично дело.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.