НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поделба на Косово, размена на територија или “трач”

0
By Светлана Јовановска on August 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во меѓународната заедница но и на Косово, има знаци на загриженост поради последните изјави на политичарите од двете страни и шпекулациите дека се подготвува насилство и поделба на Косово.

Последната вест вели дека претседателот на Србија Александар Вучиќ свикал за утре, сабота, итен состанок на Советот за национална безбедност поради ситуацијата на северот на Косово, пренесе српската национална ТВ. На состанокот ќе се разговара за заштита на српските интереси и народот на Косово како и безбедносната состојба,

Загрижени изјави вчера и завчера дојдоа од шефот на Обединетите Нации Антонио Гутереш и командатот на заедничките сила на НАТО во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека е потребна е „корекција“ на границата со Србија или еден вид размена на територија, а игуменот Сава Јањиќ од Косово предупредува на ризик од насилство кое има за цел да доведе до поделба на државата.

Изјави и деманти

Гутереш рече дека е загрижен за намерата да се изгради пат во заштитената зона околу манастирот Високи Дечани, повикувајќи ги локалните власти да ги почитуваат законите и одлуките според кои е забранета изградба во ова подрачје.

Манастирот Високи Дечани во заштитената зона

Заштитената зона кај манастирот е воведена до 2005 година а ова подрачје е прогласено за специјална зона под заштита на УНМИК, ЕУ мисијата на Косово.

И адмиралот Фого изјави за сајтот Kossev дека Алијансата е подготвена да реагира доколку дојде до насилни инциденти кај српското мнозинство на северот на Косово.

Овие изјави доаѓаат по изјавата на српскиот свештеник во Косово, игуменот Сава Јањиќ кој предупреди на ризик од насилство кое има за цел да доведе до поделба на државата.

Игуменот Сава Јаниќ

– Политичките лидери се обидуваат да решат тешки проблему а во една демократија сите не се согласуваат околу тоа. Некои се обидуваат да ги решат проблемите на улица. Силно препорачувам тоа да не го прават а ако го направат, нека го прават на мирен начин, како во секоја цивилизирана демократија, изјави Фого. Тој додаде дека мировните сили на КФОР ќе продолжат да даваат поддршка за институциите на Косово за да се задржи стабилност во текот на месеците што доаѓаат.

Јаниќ на Твитер напиша дека на Косово се слушаат вознемирувачки вести а помеѓу нив и онаа за скорешна и договорен инцидент на северот на Косово кој би бил знак за реакција од двете страни и кој би водел во поделба на Косово. Тој изрази надеж дека КФОР и НАТО ќе продолжат да го обезбедуваат мирот и дека меѓународната заедница нема да им дозволи на неодговорните групи и лица да организираат насилство и во кои ќе страдаат невини лица и вредни споменици како што тоа беше случај во 2004 година. Јаниќ ги повика лидерите во Белград и Приштина да ги отфрлат повиците за поделба и да продолжат со мирен дијалог.

Тачи и Вучиќ

На ова се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ и вината ја фрли врз опозицијата во Србија. На Пинк ТВ тој рече:

-Ме доведувате во ситуација да одговарам на непристојни трачеви и празни приказни. Овде нема “информација”. Тие празни приказни ги измислуваат нашите противници и Сојузот на слободна Србија. Ако даде Господ, такво нешто никогаш нема да се случи. Затоа водиме политика на мир и стабилност, рече Вучиќ.

Игуменот Јаниќ оваа изјава ја нарече “демант” на неговите твитови и негирање на Вучиќ за поделба на Косово.

-Одлично. Значи нема да има поделба на Косово и Метохија и за тоа не се разговара со Приштина. Бидејќи сите знаеме дека нема мирни поделби низ историјата. Од Српската листа исто така не уверуваат дека нема да има поделба. Како да не им веруваме? Луѓе, спијте мирно, напиша Јаниќ на Твитер.

Оваа негова објава некои твитерџии ја нарекоа “саркастична”.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја повтори својата идеја за „корекција“ на границата со Србија во интервју за Гласот на Америка.

– Косовската граница со Србија треба да се редифинира или да се корегира, изјави Тачи. Но повторува дека жестоко ќе се спротивстави на некои изјави од Србија со кои се бара поделба на Косово, односно припојување на северниот дел – мнозински населен со Срби – кон Србија.

Според Тачи, неговата идеја не е поделба по етнички линии туку редефинирање на границите со Србија.

– Тоа значи дека во процесот на нашиот дијалог со Белград ќе работиме заедно со меѓународната заедница за да ја дефинираме косовско-српската граница. Сакам да потенцирам дека Косово нема да биде поделено; би сакал ова силно да го потенцирам: Белград не може на маса да ја стави поделбата на Косово, нешто што го бараа во минатото, изјави Тачи.

Сепак, тој додаде дека Албанците од Прешево во Србија би можеле да му се приклучат на Косово:

– Во контекст на корекција на границите, се сретнав со претставници на Прешевската долина, кои сакаат да имаат право да му се приклучат на Косово. Официјално ќе го претставам овој предлог на следната рунда разговори со Белград.

Идејата за поделба на Косово може да се чуе во повеќе настапи на српските политичари.

Хрватски Глобус напиша дека српскиот претседател Вучиќ е за нов договор со соседно Косово, договор кој овојпат би ја вклучувал и можноста за размена на територии меѓу двете земји. Ваквиот став, Вучиќ наводно го изнел во интервју за хрватскиот неделник Глобус, а го пренесуваат хрватски и српски медиуми.

Неодамна во Вашингтон и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека нема “црвени линии” во решавањето на проблемот со Косово а САД имаат “нов, конструктивен однос кон проблемот на Косово”.

Поделбата води во војна

Српските политичари не ги разбираат косовските Срби, тие не разбираат ни што би значела поделбата на Косово во пракса, ниту дека тоа ги зголемува можностите за конфликт, смета претседателот на српскиот Форум за етнички односи, Душан Јањиќ.

Претседателот на српскиот Форум за етнички односи Душан Јаниќ

– Тоа не едноставна работа. Србите од северно Косово веќе ги имаат спакyвано куферите. Тие многу добро знаат дека до конфликти доаѓа кога се делат територии или кога тие се разменуваат, вели Јањиќ за белградскиот весник „Данас“.

Според него, реализацијата на желбата на српските власти за поделба или за размена на територии, воопшто не е реална и дека тоа води во војна а ни САД ни ЕУ не би се согласиле со поделба. Од друга страна, тој тврди дека Турција и Русија се за поделба на Косово.

– Ова не би го имале, доколку Србија и Косово и сите држави на Западниот Балкан се во НАТО, констатира Јањиќ.

Тој предупредува и на неодговорноста на српските власти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ кога говорат за граници до Врање или окупација на северно Косово од страна на косовските власти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.