Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поезија на Лидија Димковска објавена во Италија

0
By Marija Todorovska on September 19, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во избор и препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет и теоретичар Томазо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија.

Изданието содржи песни од последните две поетски збирки на Димковска: „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021, награда „Браќа Миладиновци“), а објавено е двојазично, на македонски и италијански јазик.

Во книгата е поместен и кус дијалог меѓу авторката и препејувачката, а уредникот за книгата пишува:
„Како јазикот на Димковска да се хранел од млекото на илјадагодишното насилство. Од една страна, имаме бесконечна историја од традиции, нагласоци, напеви и светови заробени од големиот архипелаг од земји наречен Балкански Полуостров; од друга, пак, ја имаме неодамнешната, пред сè ужасна историја на една нација и еден народ на кои во дваесеттиот век им било сè оспорено – дури и сопственото име – кои ја преминале големата европска историја на распаѓање, преобликување и граѓански војни.

Во оваа поезија се чувствува постојаното триење на границите, нивното трошење, нивниот таен вкус: желбата за проток меѓу земјите, народите и јазиците што не може да го сокрие стравот од загуба. Јазикот на Димковска како настаните да го принудуваат да размислува за себе како за превод и предавство. Неслучајно Другиот во оваа поезија е секогаш енигма, загатка, парадокс. Самото човештво е доведено во прашање во историјата на распаѓање, во која опсесијата со смртта е постојана, како и вербата дека, преку мрачна иронија, поезијата може да остави наследство на ослободувањето.“

Поетскиот избор „Гранична состојба“ ќе ја доживее својата промоција на меѓународниот книжевен фестивал и саем на книга „Порденонелеџе“ во Порденоне, Италија, на 20 септември, низ разговор меѓу авторката, препејувачката и уредникот на изданието.

лидија димовска поезија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.