Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пофлексибилните форми на работа го запреа трендот на раст на урбаното население

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цените за домување растат побрзо надвор од големите градови отколку во нив за првпат од почетокот на 1990-те, благодарение на пофлексибилните форми на работа во пандемијата со Ковид -19, покажа студија на швајцарската банка УБС објавена денеска.

Се повеќе луѓе се преселуваат во предградија и населението во урбаните центри повеќе не се зголемува, нагласуваат од УБС, укажувајќи на зголемениот број можности за флексибилни форми на работа, но и на пандемијата.

Животот во градот по заклучувањето веќе не е толку привлечен, заклучија тие.

Трендот на иселување на населението во предградијата е забележан и во Франкфурт, град кој се најде на прво место на глобално ниво од големите урбани центри со највисоки цени за домување и „жежок“ пазар на недвижности, според истражувањето.

Цените за домување во Ванкувер, Париз, Амстердам, Стокхолм и Цирих се исто така превисоки, според истражувањето.

Реални цени бараат сопствениците на станови и куќи во Мадрид, Милано и Варшава. Франкфурт, Хонг Конг и Торонто наскоро би можеле да забележат корекција на цената, предупредува УБС, наведувајќи го нивното движење во периодот од средината на минатата до средината на оваа година.

Во Франкфурт цените на станбените недвижности се зголемија за 10 проценти во реални услови од 2016 година, а наемнините растат речиси три проценти годишно, благодарение на поволните заеми, утврди УБС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.