Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поглаварот на ИВЗ Фетаи по повод Рамазан Бајрам: Да не заборавиме во нашето славење да ги вклучиме и сите кои имаат наша потреба

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“.

Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, сме задолжени со давање на садакатулфитр, за што Мухамед алејхи селам рекол дека со давање на садакатулфитр го прочистуваме нашиот пост. Исто така, со давањето на Фитр ги зајакнуваме институциите кои се одговорни за исламските учења и кои помагаат на луѓето кои имаат потреба од помош, вели во честитката Фетаи.

На овој радосен и среќен ден на Фитр Бајрам, посочува поглаварот Фетаи, со чисти срца се обраќаме кон Семоќниот Алах за да ни даде сила на иманот, да ни даде храброст за опростување и помирување, да ни даде насмевка со другите, да ги отвориме патиштата на надежта за иднината, да бидеме цврсти во нашето патување да негуваме уште посветла сегашност и иднина, со која ќе ги правиме среќни и сиромашните, сираците, луѓето кои имаат проблеми, така да, денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарение на Возвишениот Алах.

Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан. Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност. Браќа и сестри! Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан. Нека вие е честит Фитр Бајрам, се истакнува во честитката на поглаварот на ИВЗ Фетаи.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.