Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отстранувањето на елементите на албански јазик испраќа порака на исклучување и статус од втор ред за засегнатата заедница. Одлуката претставува и симболична порака што ќе ја продлабочи недовербата кон полицијата и јавните институции во мултиетничките средини, поттикнувајќи перцепција дека државата фаворизира еден идентитет пред другите.

Дестан Јонузи

Одлуката на владата на Христијан Мицкоски, со која се укинува двојазичноста на униформите на полицијата, предизвика лавина реакции во јавноста. Правни експерти, универзитетски професори и граѓански организации предупредуваат дека оваа мерка носи сериозни ризици и закани за мултиетничкиот баланс и стабилноста на земјата.

Дерала: Одлуката е противзаконска и неуставна

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, остро ја осуди владината одлука, најавувајќи подетален одговор на медиумската платформа на организацијата.

– Доколку се усвои, оваа одлука на владата на Мицкоски носи сериозни правни и уставни ризици. Таа е директно спротивна на Законот за употреба на јазиците, кој пропишува дека во општините каде што јазик различен од македонскиот го зборуваат најмалку 20% од населението, тој јазик мора официјално да се користи заедно со македонскиот – вклучително и на униформи, сигнализација, документи и комуникации. Покрај тоа, оваа владина одлука ја гази уставната заштита на етничките заедници. Уставот гарантира заштита на јазичниот, културниот и етничкиот идентитет и забранува дискриминација врз основа на јазикот, изјави Дерала за Фронтлајн.

Тој предупреди дека ваквиот потег ја гази уставната заштита на етничките заедници и испраќа опасна политичка порака:

– Отстранувањето на елементите на албански јазик испраќа порака на исклучување и статус од втор ред за засегнатата заедница. Одлуката претставува и симболична порака што ќе ја продлабочи недовербата кон полицијата и јавните институции во мултиетничките средини, поттикнувајќи перцепција дека државата фаворизира еден идентитет пред другите. Во напнатиот период пред локалните избори, овој потег неминовно предизвика негативни реакции, ги мобилизира заедниците околу прашања за идентитетот и правата на заедниците на национално ниво. Самата намера да се спроведе вакво нешто е крајно неодговорно и само ќе ја продлабочи поларизацијата во општеството, а особено во општините со мешано население. Сето тоа е закана за квалитетот на спроведување на локалните избори, но и за стабилноста на земјата воопшто.

Селмани: Двојазичната униформа е богатство, а не пречка

Сличен став изрази и проф. д-р Башким Селмани од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Тој нагласи дека униформата не е само симбол, туку и огледало на државата пред своите граѓани.

Башким Селмани

– Јас мислам дека би требало да се почитуваат не само законските и уставните права, туку и симболиката. Сите граѓани ја гледаат полицијата како заштита, а двојазичната униформа би било уште повеќе богатство – бидејќи ја покажува вистината на теренот, и во сообраќајот и на другите патишта, изјави Селмани за Фронтлајн.

Тој додаде дека во држави како Швајцарија, институциите одамна препознале дека мултијазичноста е предност, а не пречка: „Замислете, таму има шест јазици и властите се обврзале прекршоците и кривичните дела да им се објаснат на сторителите на нивните јазици за тие целосно да ги разберат законите и правилата. Зошто тоа да не биде правило и кај нас?“

Селмани предупреди дека ако правата се жртвуваат за политички поени, последиците се негативни за сите граѓани:

„Колку повеќе граѓаните го чувствуваат законот како свој интерес, толку повеќе ќе биде почитуван. Закон кој не ја гледа таа димензија, не е добар закон.“

Ивон Величковски: ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија кон „предрамковна состојба“

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека сите актуелни одлуки на Владата се во функција на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините (дизајнирани) коалициски партнери.

Но, според него, таргетирањето на Законот за употреба на јазиците не е само предизборна цел.

– Тоа е средство за постигнувањето на предрамковната состојба – за Северна Македонија да се врати на статус на БЈРМ. Заедно со самоблокадата што Владата ја прави во ЕУ-интеграциите, се комплетираат условите за нестабилност што земјата треба да ја држат во зависност од несојузничките центри на моќ. Ова е цел на ВМРО-ДПМНЕ е уште од изборите 2020. Обидот на некои медиумско-аналитички “бардови” од СДСМ да прават терен за постизборна Голема коалиција, покажува дека некој или целото раководство на “Бихаќка” ја прифаќа играта за вакво “Трето полувреме” и се согласува со целите на “Белата палата”. Ако не реагираат на саботирањето на Законот што го донесе нивното мнозинство – потврдуваат дека прифатиле задача да го спречат националното единство на Северна Македонија во име на етно-партиското братимење со олигархијата, изјави Величковски за Фронтлајн.

Ризици пред избори

Аналитичарите предупредуваат дека оваа тема ќе биде особено чувствителна во периодот пред локалните избори. Наместо да придонесе за доверба и еднаквост, одлуката може да стане извор на дополнителни тензии и недоверба меѓу заедниците.

Полемика околу полициските униформи: Двојазичност или дискриминација?

Тендерот на МВР за нови полициски униформи предизвика жестоки политички реакции. Спорот се води околу тоа дали униформите ќе бидат само на македонски или, согласно Законот за употреба на јазиците, и на албански.

ДУИ реагираше остро, обвинувајќи за „институционална дискриминација“ и кршење на Охридскиот договор, додека од ВЛЕН уверуваат дека двојазичност ќе има каде што тоа го предвидува законот. МВР, пак, објасни дека униформите сè уште се „чисти“ и дека регулативата потекнува од 2018 година, кога на власт биле токму партиите што денес критикуваат.

Фронтлајн се обрати и писмено до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за да добие став, но до моментот на затворање на овој напис не добивме одговор.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

Дестан Јонузи тема униформи полициски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.