Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичари и бизнисмени осудени за корупција со научни трудови ги кратат казните

0
By Нова ТВ on January 20, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Некогаш чувал овци, потоа почнал да препродава земјиште и станал милијардер. Прво го купи фудбалскиот клув Стеауа, а потоа и партијата Нова генерација. Влезе во Европскиот парламент, а потоа и во националниот. Се работи за Џорџ Џиџи Бекали (57) ексцентричен романски бизнисмен и политичар, со ултрадесничарски христијанско- фундаменталистички ставови.

Поради незаконско работење со земјиште и незаконско лишување од слобода во 2013 година осуден е на три ипол години затвор. Во април истата година привремено е ослободен и тоа не само поради добро однесување, туку затоа што во затворот напишат дури пет научни трудови, кои му ја скратиле казната за пет месеци.

Научните дела на Бекали главно се пофалби на сопствениот лик и дело, кои носат наслови како „Бекали и политиката“ и „Стеауа и Бекали“. Повеќе од половина од вкупно 260 страници од делата се фотографии и факсимили, додека останатиот дел е главно препишување на новинарски написи.

Овчарот кој стана милијардер, меѓутоа не е исклучок. Многу корумпирани политичари и бизнисмени пишуваат дела за да излезат побрзо од затвор. Тие ги користат предностите на Законот донесен во 2013 во моментот кога романското правосудство почна да се справува со корупцијата. Според тој закон, затворениците кој ќе напишат научен труд ќе добијат намалување на казната за 30 дена. Од тогаш, бројот на „затворските научници“ нагло скокнал.

Според податоците на Националната управа на затворите од 2013 до 2015 година, 188 затвореници напишале 411 научни трудови, од кои само минатата година се објавени 311.
Палетата содржи наслови од „Финансиската криза на романскиот печат“ на корумпираниот издавач Сорин Роска Станеску, па се до “Вежбање слобода“ на поранешниот премиер Адријан Настасе, кој во Романија е симбол на корупција. Некои познати затвореници напишале и по 10 книги во рекордно време и на тој начин си ја намалиле казната за дури 300 дена.

Теоретски, критериумите за научните трудови во романските затвори се многу строги, бидејќи од авторите се бара да имаат „координатор“, кој мора да биде универзитетски професор. Координаторот ја потврдува релевантноста на темата и бара одобрување од раководството на универзитетот. Издавачката куќа која го издава трудот мора да биде акредитирана во Националниот совет за научни истражувања и високо образование.
За богатите затвореници со добри врски тоа не е никаков проблем. Низа издавачки куќи се специјализирале токму за издавање на нивните дела. Рекорер е издавачката куќа “Ситеч“ од Крајова која објавила дури 130 научни трудови на затвореници.

И многу универзитетски професори се офајдиле од ваквата „затворска литература“. Меѓу координаторите кои издаваат сертификати за научната вредност на затворските дела, наводно без надоместок, има познати имиња како што се Дан Војнеа, правник и воен државен обвинител во пензија, кој во 1989 година беше обвинител против Чаушеску или пак, Димитру Мирон, дека на Факултетот за меѓународни економски односи на елитниот универзитет АСЕ во Букурешт.

Тој одобрил седум од десет трудови на медиумскиот тајкун Дан Војкулеску кои ги напишал во рок од една ипол година во зтаворот. Војкулеску своевремено обезбедувал девизи за режимот на Чаушеску и се збогатил за време на диктаторот и неговата разузнавачка служба Секуритате.

Гневот на јавноста од „производството“ на вакви научни трудови „како на лента“ е се поголем. Најпознатиот романски книжевен критичар Никоале Манолеску, популарната пракса ја нарекува „национална превара“, а политикологот Алина Манџиу Пипиди “ трансформација на академскиот свет во облик на организиран криминал“.

Во вакви околности романското Државно обвинителство за борба против корупција покрена истрага против бројните универзитетски професори поради помагање на сторителите на кривични дела.

Министерството за правда планира да го укине законот со итен указ, но послаби се изгледите тоа да биде изгласано во Романскиот Парламент, каде мнозинството пратеници во минатото се солидаризираа со апсењето на колегите и политичките пријатели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.