Пишува: Елена Гаговска
Јавна тајна е дека во Северна Македонија како и во многу други земји практично не се зборува за менталното здравје и сексулното насилство. А не па да се зборува за како сексулното насилство го ефектира менталното здравје на жените, девојките и сите останати жртви на овој вид насилство. Но во Јануари, 2018 македонските феминистки преку хештегот #СегаКажувам, македонската верзија на #MeToo, почнаа да го детабуизаат јавното говорење за сексуалното вознемирување и насилство. Во 2021 преку позасилен јавен дискурс на оваа тема почнуваме полека и да го детабуизираме дискурсот околу менталното здравје.
Во 2018 и јас објавив напис кога почна да се користи хештегот #СегаКажувам во кој споделив повеќе искуства на сексуално вознемирување почнувајќи од случки во основно училиште до довикување на улица и демнење. По принципот на „личното е политичко“ го искористив моето лично искуство за да се надоврзам кон политичкиот момент кој се случуваше во САД и во Северна Македонија.
Кога го препрочитав мојот текст пред неколку недели бев изненадена што во написот не зборував за какви ефекти имало сексуалното вознемирување имало врз моето ментално здравје. На пример, во тој текст пишував за една случка во возната станциата Александарплац (Берлин) каде што еден тинејџер насилно ме фати за града и потоа ми се смееше. Таа вечер едвај заспав од анкциозноста предизвикана од нападот и со месеци избегнував да се враќам дома преку Александарплац бидејќи неколку пати добивав панични напади кога бев сама на таа станица. Но во мојот текст од 2018та година ги нема овие детали.
Овој случај на сексуално насилство/вознемирување дефинитивно не беше единствениот кој имал негативни последици врз моето ментално здравје. На пример, докоторот кој сексуално ме вознемируваше за време на повќе прегледи ми создаде страшна недоверба и страв од машки доктори. Веројатно не сум ни до крај свесна до кој степен сите овие случаии на сексуално вознемирување негативно го ефектирале моето ментално здравје.
И секако не сум единствена девојка (или човек од било кој род) која секојдневно ги трпи последиците на овој вид на патријархално насилство. Во последните неколку недели се буди нов бран на феминистички активизам во Северна Македонија по вестите за Телеграм групата Јавна Соба во која подолго време се споделуваат приватни експлицитни слики, детска порнографија, профили од социјални медиуми и приватни броеви на девојки и жени без нивна дозвола и согласност. Повеќе од 100 жртви ги споделија своите искуства анонимно со тимот на Медуза, феминистичката платформа за која пишувам, и нивните пораки беа споделени на Facebook и Instagram. Пораките содржат најразлични искуства: демнење, сексуално вознемирување од наставници и професори, сексуално насислство од страна на членови на семејството и партнери, дури и случаии на силување. Во многу од споделените приказни се споделени и чувствата кои ги искусиле жртвите за време на настаните или пак после тоа. Жртвите често зборуваат за чувства на страв, вина, срам и за жал негативните последици кои ги чувствуваат долго по самите инциденти.
Оваа кампања на споделување на анонимни лични приказни и трауми, како и дискурсот кој се случува околу последиците кои ги трпат жртвите на Јавна Соба, полека ја отвара и темата на менталното здравје на жените и сите кои биле жртви на сексуално вознемирување и насилство. Во овој период, повеќе невладини организации и психолози нудат и бесплатна психолошка помош на жртвите. На некој начин преку табу темата на сексуалното насилство се отвара табу темата на менталното здравје. Во ваков историски момент, нашите емоции, нашиот гнев и негативните ефекти кои сексуалното насилство ги имало врз нашето ментално здравје добиваат политичка димензија. Нашата болка ќе мора да биде слушната и со тоа полека ќе можеме да почнеме колективно да ги лечиме раните кои ни се нанесени од патријархалното насислство.