Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичките партии ја почнаа играта за локалните избори, калкулации за кандидати и остра реторика!

0
By Marija Todorovska on March 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од партиски извори се дознава дека за градоначалник на Скопје фаворит на Мицкоски бил актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, кој отворено изјавува дека би сакал да биде градоначалник на Скопје. Од друга страна пак, партиската база на градоначалничкото место за Скопје го гледа Орце Ѓеорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода.

Дестан Јонузи

Политичката сцена во Северна Македонија почна да се наелектризира неколку месеци пред локалните избори планирани да се одржат во октомври. Политичките партии не само што ги започнаа своите партиски калкулации за избор на кандидати за градоначалници, туку и ја засилија својата политичка реторика.

Во албанскиот политички табор има поостра реторика. ДУИ бара двојни – локални и парламентарни избори, но се заканува и со бојкот на локалните избори. ВЛЕН, пак, вели дека кризата е само во џебовите на функционерите на ДУИ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.

– Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат. Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати, објави Филипче.

Како што дознава Фронтлајн од партиски извори и во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ почнуваат подготовките за локалните избори. Според нашите извори прикрај се интерните партиски анкети за можните кандидати за градоначалници, но и партиското раководство има статутарно право да предложи и свои имиња за кандидати за градоначалници. Тие имиња се надвор од списокот, подготвен со предлози од општинските комитети во пресрет на локалните избори.

Од партиски извори се дознава дека за градоначалник на Скопје фаворит на Мицкоски бил актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, кој отворено изјавува дека би сакал да биде градоначалник на Скопје. Од друга страна пак, партиската база на градоначалничкото место за Скопје го гледа Орце Ѓеорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода.

Договор ВМРО ДПМНЕ – ВЛЕН

Вицепремиерот Изет Меџити, од коалицијата ВЛЕН, неодамна потврди дека постои договор со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на локалните избори. Иако советничките листи ќе бидат независни, двете партии ќе се поддржуваат во првиот или вториот круг. Меџити истакна дека по изборите, ВЛЕН ќе премине во единствена партија, што е дел од нивната долгорочна стратегија за политичка консолидација.

Високиот функционер на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека не може да има локални избори без парламентарни избори.

– Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза која ќе оневозможи избори без реизбор. Албанците не ќе дозволат. Ти не ќе дозволиш утре да дојдеш на работа како ништо да не се случило, бидејќи тоа е морална, национална и човечка обврска кон оние што дадоа живот за овој јазик. И дали ќе глумиме како да ништо не се случило? Претседателот на Уставниот суд одлучил, и утре ќе излеземе да пиеме кафе во град!? И утре ќе правиме кампања за општините!? Затоа кажувам, длабока политичка криза, која што не може да продолжи во истиот начин без да седнеме и дискутираме што ќе правиме со Охридскиот Договор, без да го вратиме Балансерот, без да го вратиме Бадинтер, легитимитетот и без да го гарантираме јазикот, нема да има политика како обично, изјавил Османи.

Од друга страна, пратеничката на ВЛЕН Саранда Имери Стафаи му реагираше на Бујар Османи, кој рече дека ќе има политичка криза доколку не се одржат локални избори заедно со парламентарни.

„Криза имаат само вашите џебови, драги мои! 22 години јадете и пиете на државна сметка! Срам за политичар кој се промовира како умерен, да упатува вакви закани! Вашето време истече“, реагира пратеничката Стафаи.

Локални избори во Македонија во 2025 година — избори што се планирани да се одржат во октомври 2025 година со цел избирање советници и градоначалници во 80 општини во Македонија и во градот Скопје. Вториот круг на Локалните избори е предвидено да се одржи 2 недели после првиот круг. Можни датуми за локалните избори се 19 или 26 октомври 2025.

Тесктот е сопственост на Фронтлајн

локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.