Џелал Хоџиќ: Тоа што е специфично за Северна Македонија е дека политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда во нашата држава. Јас ќе ве потсетам кога Додик во сред Скопје, во присуство на премиерот Мицковски и добар дел од неговата Влада, испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки, со јасни тези на големосрпската пропаганда. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дозволуваат големосрпската пропаганда од сред Северна Македонија да ги навредува и нашите стратешки цели како држава, но и нашите стратешки пријатели веќе во јасен континуитет.
Извор: ЦивилМедиа