Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политиката е бизнис. И обратно.

0
By Ана Василевска on November 10, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Додека светот го чека финалниот исход од изборната битка за контрола на Американскиот Конгрес, ги читам извештаите за вртоглавите суми на пари што се вртат во тој гигантски процес. И можам само уште еднаш (здодевно) да констатирам дека политиката е голем бизнис. Секако, тоа важи и во обратната насока – бизнисот е (и) политика.

Само во петте најскапи изборни трки за место во Сенатот на САД се потрошиле фантастични 1,3 милијарди долари, односно повеќе од 1,9 милијарди долари за десетте најскапи кампањи за место во Сенатот. Топ 10 листата на кампањи за место во Претставничкиот дом изнесува речиси 350 милиони евра. Вистинска поплава од пари во американските конгресни избори!

Дали ова е чудно и невообичаено? Не. Освен што од година во година, сумите на пари што се инвестираат во политичките кампањи расте и тоа не само во САД, туку насекаде во светот. Политиката стана сѐ поскапа, а во неа сѐ поретко успеваат да се пробијат „обичните смртници“. Хрватскиот пример на локалните избори 2021 година со ѕвездениот подем на Томислав Томашевиќ, покажува дека не секогаш е така, но и дека тоа е повеќе исклучок отколку правило. Но да се вратиме на американските избори.

Светот секогаш ги следи американските избори со нетрпеливо исчекување. Особено последните неколку изборни процеси во САД (од Трамп наваму) се покажаа како исклучително напнати и неизвесни, како последица од сѐ подлабоката поларизација во американското општество, но и во светот. Конгресните избори што се одржаа на 8 ноември се извонредно критични. Претседателот Бајден изјави дека на овие избори се брани демократијата. Затоа, воопшто не е чудно што чинат милијарди долари.

Граѓанското учество, самиот процес на гласањето, спроведувањето на кампањите, а потоа и претставувањето на конституентите на секој избран функционер на било кое ниво на власта чини многу пари. За да стекнат граѓаните јасна претстава за луѓето што се борат за власт и за нивните програми, потребни се пари. Многу пари.

Зависно од тоа дали и колку пари имате да вложите во кампањата, таква ќе ви биде стартната позиција, а во денешно време и каков ќе ви биде изборниот резултат. Парите ви требаат за да стасате до што е можно поголем број гласачи, да ве забележат, слушнат и прочитаат. Со пари ја обликувате јавната перцепција, а со тоа и својата изборна судбина.

На политичките партии им се потребни пари за да „одгледаат“ кадар со кој може да влезат во политичките битки за власт. Се разбира, освен ако тие што имаат пари и влијание, самите не посакаат да ја креираат партиската волја, па самите да станат кандидати во изборните процеси.

Накратко, политиката е скапа играчка со која можат да се занимаваат само богатите кои можат да си дозволат да ги приберат најдобрите и најкреативните умови околу себе, кои им ги креираат програмите и кампањите.

А тоа не е ни почеток на процесот, туку само завршна фаза. Затоа што, паралелно со кампањата да се претстават програмите и да се освојат изборните срца на гласачите, се одвива пропагандната војна во која се вклучени актери во и надвор од земјата. Бидејќи, кој има влијание во американските лостови на моќта, има влијание и врз светот. Оттаму, не зачудуваат ни големите (и исклучително скапи) пропагандни операции на Русија поврзани со американските избори. Но тоа е уште една долга и тревожна сторија во која може да се препознае секој, барем малку информиран човек. Ајде да видиме до каде е броењето сега, а за бизнисот, политиката и животот помеѓу, веќе во првата наредна прилика…


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

избори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.