Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: НАТО не е подготвено за руските дронови – „Нема да праќаме Ф-35 за летала од дрво и стиропор

0
By Zoran Ivanov on September 13, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воздушната одбрана долго време е препознаена како една од клучните слабости на земјите-членки на НАТО. Европската унија, исто така, ги охрабрува земјите да потрошат дел од 150-те милијарди евра од „SAFE“ заемите за зајакнување на воздушната одбрана. Проблемот, сепак, е што голем дел од овие пари се наменети за екстремно скапо оружје.

POLITICO

Евтини руски беспилотни летала, направени од дрво и полистирен (стиропор), влегоа во полскиот воздушен простор оваа недела и беа соборени од воени системи вредни милиони долари. Инцидентот јасно го истакна недостатокот на соодветна подготовка на НАТО за справување со вакви закани. Околку 19 беспилотни летала влетале во Полска завчера, што беше оценето како политички и воен тест од Русија. „Многу е добро што Полска ги откри и собори дроновите“, изјави Улрике Франке, виша политичка соработничка во Европскиот совет за надворешни односи.

Украинците соборуваат најмалку 80 отсто од беспилотните летала, НАТО собори 4 од 19

Сепак, одговорот на НАТО беше значително помалку ефикасен од оној што Украина редовно го покажува. НАТО успеа да собори само четири дронови, додека Киев обично бележи стапка на пресретнување од 80 до 90 отсто, и тоа во услови на многу помасовни напади.

Франке, исто така, го истакна огромниот јаз помеѓу евтината руска опрема и прескапиот воен одговор на НАТО: „Зарем секој пат ќе испраќаме Ф-16 и Ф-35? Тоа не е одржливо. Треба да бидеме подобро опремени со системи против беспилотни летала“.

Заканата што ја претставуваа беспилотните летала беше многу реална. Пет од беспилотните летала беа на директен пат кон база на НАТО пред да бидат пресретнати од холандски борбени авиони „Локид Мартин Ф-35“. Наводно во операцијата учествувале и авион за полнење гориво на НАТО, италијански извидувачки авион и германски систем за воздушна одбрана „Патриот“.

Се работи за опрема вредна милијарда долари што била активирана за да се запрат евтините руски беспилотни летала „Гербер“ – копии на иранскиот „Шахед“, чие производство се проценува дека чини околу 10.000 долари за еден.

Евтин упад, скап одговор

Евтиниот упад предизвика одговор на највисоко ниво. Полска се повика на Член 4 од договорот за НАТО, кој бара итни консултации меѓу членовите на алијансата. И Полска и Латвија го затворија својот источен воздушен простор, а НАТО наводно разгледува „одбранбени мерки“.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили најави дека ќе побара од военото раководство информации за тоа како Лондон може да помогне во зајакнувањето на воздушната одбрана на НАТО над Полска, а Украина исто така понуди помош. „Полска побара одредена поддршка, вклучително и континуирано внимателно следење, поголем разузнавачки надзор и извидување и поголема воздушна одбрана“, изјави функционер на НАТО.

Воздушната одбрана долго време е препознаена како една од клучните слабости на земјите-членки на НАТО. Европската унија, исто така, ги охрабрува земјите да потрошат дел од 150-те милијарди евра од „SAFE“ заемите за зајакнување на воздушната одбрана. Проблемот, сепак, е што голем дел од овие пари се наменети за екстремно скапо оружје.

Самиот украински претседател Володимир Зеленски нагласи дека американските системи „Патриот“ МИМ-104 и француско-италијанскиот „SAMP/T“, вредни стотици милиони долари, не се рационална опција за борба против евтини руски камикази дронови. Украина не користи таква опрема против бранови руски дронови, туку развила свои, евтини контрадронови за соборување на заканите.

Прашањето беше иницирано и во четврток за време на состанокот меѓу генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и амбасадорите на ЕУ во Брисел. Многу учесници изразија загриженост дека реакцијата на инцидентот ја истакна неподготвеноста на Западот, заклучувајќи дека војските на НАТО не можат рутински да го користат Ф-35 за пресретнување на вакви закани. „Самиот Руте заклучи дека тоа е така, и никој не се спротивстави“, рече еден дипломат.

Нови лекции и стари предизвици

Чарли Салониус-Пастернак, извршен директор на тинк-тенкот „Nordic West Office“, верува дека приспособувањето на соодветниот одговор на НАТО на масовно произведената, евтина руска опрема требало да се направи одамна.

„Дали постојат лекции за тоа како да се следат и соборуваат многу евтини беспилотни летала кои не вклучуваат мултимилионска ракета? Секако, но тоа не е нова лекција“, рече Салониус-Пастернак, прашувајќи: „Што направи европскиот политички естаблишмент во врска со тоа?“

Некои од европските одбранбени гиганти се обидуваат да се приспособат. Шведскиот „Сааб“ неодамна претстави евтина ракета наречена „Нимбрикс“ за неутрализирање на мали дронови, додека Франција нарача развој на ласерски систем против дронови. Сепак, помалите, иновативни компании се борат тешко се пробиваат на пазарот.

Неверојатната брзина со која се развива технологијата

Улрике Франке истакна два главни предизвици: потребата од слоевита одбрана и неверојатната брзина со која се развива технологијата. Токму ова е пристапот што го користи Украина, комбинирајќи електронски контрамерки со масовно производство на илјадници дронови-пресретнувачи месечно.

Ова ќе бара промена во методите на набавка, според поранешниот началник на францускиот Генералштаб за одбрана, генерал Тиери Буркхард: „За одредена опрема, веројатно е подобро да се купува во серии од 10, 15, 20 или можеби 50. Не е важно ако компанијата што ја развива не може да ја одржува 20 години, бидејќи за една година, таа или ќе биде мртва на бојното поле или ќе биде застарена“.

Текстот е сопственост на Политико

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.