Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Оливер Вархеји – европскиот голман под силен оган на критики

0
By Ivana on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не работи како чесен посредник за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија за откочување на преговорите за членство.

Ова се наведува во анализата на влијателниот бриселски портал „Политико“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

Според повеќе од десетина службеници од повеќе европски институции и анализа на внатрешни документи, се посочува, европскиот комесар Вархеји бил одговорен за намалување на загриженоста на ЕУ за владеењето на правото и човековите права кај одредени земјите кандидатки.

Иако унгарскиот дипломат треба да даде рамнопрвани и еднакви проценки за сите потенцијални членки, тој, како што пишува „Политико“, тој ја турка кандидатурата на една земја и покрај фактот не успеа да постигне напредок по клучните прашања, па дури и се повлече за некои.

„Политико“ анализира и дека пристапот на Вархеји за Западен Балкан и за Турција, не е во чекор со многу земји на ЕУ. Според влијателниот медиум, еврокомесарот за проширување остро се спротивставува на насоките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која уште во писмото за негово назначување напиша дека „почитувањето на човековите права и владеењето на правото треба да бидат темели за нашата меѓународна соработка“.

Вархеји, кој претходно беше амбасадор на Унгарија во ЕУ, одбил да биде интервјуиран за овој текст. Во пишани одговори на прашањата, наведува Политико, тој ги брани своите постигнувања вклучително и она за владеењето на правото. Тој потенцира дека го надгледувал обновувањето на методологијата на проширувањето која има поголем фокус на владеењето на правото.

– Но, други претставници на Европската комисија, дипломати од ЕУ и членови на Европскиот парламент не ги прифаќаат ваквите негови одбрани. Вархеји „го поткопува кредибилитетот на Комисијата во очите на партнерите и земјите членки“, рече еден официјален претставник на Комисијата, кој инсистира на анонимност поради страв од последици за неговата кариера, пишува „Политико“.

Официјални претставници на Европската Комисија, дипломати на ЕУ и европратеници, исто така, изразиле фрустрација поради, како што се посочува, пристапот на еврокомесарот Верхеји кон Северна Македонија како земја кандидат за членство.

Земјата презеде големи чекори за да започне преговори за членство во ЕУ, дури и го смени името за да стави крај на спорот со Грција што го блокираше нејзиниот напредок со децении. Заедно со Албанија, Северна Македонија доби зелено светло за почеток на преговорите минатата година, само за тие разговори да бидат блокирани од Бугарија поради спор околу јазикот и историјата, наведува Политико.

Критичарите го обвинуваат Верхеји и дека не работи како чесен посредник за решавање на спорот и отклучување на преговорите за членство. Дипломат на ЕУ вели дека Верхеји „дал неповолни предлози до Бугарија што повеќето земји-членки веќе ги отфрлиле“.

Друг дипломат на ЕУ оценува дека ставањето крај на ќор-сокакот во Северна Македонија треба да биде „најважното досие“ за Вархеји, но тој „нема напредок“. Верхеји, исто така, се додава, предизвика збунетост оваа година, кога ја изнесе идејата дека на Албанија треба да и се дозволи да започне преговори за членство без Северна Македонија.

-Ова беше апсолутно погрешен и фатален сигнал, бидејќи двете земји ги исполнија сите критериуми за почеток на пристапните преговори. Зошто овој нееднаков третман? Овој напредок со две брзини би значел казна за Северна Македонија, смета Ромео Франц, германски европратеник од Зелените.

-Факт е дека (унгарскиот) премиер Орбан, ја поддржува национално-конзервативната опозиција на Северна Македонија. Ова беше докажано кога унгарската влада му даде азил на поранешниот шеф на владата, Никола Груевски, вели Франц.

Запрашан за критиките дека неговиот став бил премногу пробугарски во спорот, Верхеји наведе пофалби од премиерот на Северна Македонија за неговите напори да и помогне на земјата. Тој рече дека работи напорно за да дозволи да започнат преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, се наведува во анализата на Политико. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.