Возач се обидел да удри во двајца полициски службеници кои му давале знак да запре со возилото на локалниот пат кон село Богојци.
„Вчера, околу 11:20 часот, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, службеници од Полициското одделение Велешта давале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица. Наместо да застане, возачот се обидел да удри во двајцата полицајци“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР додаваат дека нема повредени во инцидентот, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.